fbpx
19 C
Skopje

ВМРО-ДПМНЕ: Груевски нема владин телефон, ниту пак високи сметки од Малта

АКТУЕЛНО

Пратеникот од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во Собранието на Република Македонија истакна дека Никола Груевски во Малта направил телефонска сметка од 184.000 денари користејќи роаминг.

Набрзо потоа следува и реакција од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои го демантираа Богоевски и порачаа дека Груевски нема ниту владин телефон, ниту пак имал разговори во Малта за таква високи сметки.

Во продолжение и целосното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

СДСМ во очај се претвара во фабрика за лажни вести обидувајќи се да го покрие срамот од прифаќањето на Tиранската Платформа.

Веста дека Владата го плаќа телефонот на Претседателот Никола Груевски е целосна измислица. Груевски нема телефон кој го плаќа владата. Ниту пак од Малта имал разговори за такви високи сметки.

Лагите и лажните вести станаа синоним за СДСМ. Пратеникот Павле Богоевски со лажно претставување како невладин активист влезе во Собранието, а сега преку пласирање на невистини се обидува да му се додвори на неговиот лидер, криминалецот Зоран Заев.

Криминогеното раководство на СДСМ нема да може на овој начин да се амнестира себе си од предавството на највисоките државни и национални интереси.

Граѓаните го прочитаа лицемерието и манипулациите на криминалецот Заев.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -