fbpx
29.8 C
Skopje

Во школо ме нарекуваа Гица Прасица, сите ме убедуваа дека треба да ослабнам – го направив тоа но потоа се покајав

АКТУЕЛНО

Во основно и средно училиште имав 20 килограми вишок. Мене воопшто не ми пречеше, иако прва од девојчињата добив менструација и најрано од сите се развив во пубертетот. Од мала уживав во храната и отсекогаш имав самодоверба.

И тогаш почнаа да ми набиваат комплекси. Девојките ме гледаа потсмешливо, ме нарекуваа Гица-прасица, а машките некако разуздано ме гледаа и се обидуваа да ме штипнат за градите или да ми го подигнат фустанчето.

Мислев дека кога ќе заминам во средно училиште децата ќе бидат посериозни и нема така да се подбиваат со мене. Но, се излажав. Во средно беше уште полошо. А не бев толку дебела, не знам што толку им пречеше? Веројатно мојата смелост да носам тесна облека, нема што друго, долго размислував на оваа тема. Во училиштето имаше и подебели девојки од мене, но сите како во униформа носеа долга, црна и широка сукња со широка маица одозгора.

Е јас не сакав така да се облекувам, затоа што не се срамев од моето тело. Облекував тесни маички со деколте и тесни фармерки, а некогаш и хеланки или мини сукњи. Кога ќе се погледнев во огледало гледав убава, згодна, фино пополнета девојка која ужива во животот и во своето тело.

Но, како минуваше времето, со текот на годините се врзав со неколку другарки со кои станавме многу блиски. Тие започнаа да ме советуваат дека треба да ослабам ако сакам така да се облекувам и ако сакам да фатам дечко, зошто ваква каква што сум сега, ќе си останам невина и немажена.

Многу ми сугерираа, постојано ми носеа отпечатени диети или ми кажуваа за разно-разни варијанти и примери од луѓе кои успеале да ослабат и кои сега убаво изгледаат. Дури ме замислуваа каква убавица ќе сум станала кога ќе ослабам.

Сега кога ќе се сетам, како сум можела да примам совети од нив, кога сите до една се многу, мнооогу искомплексирани и без самодоверба. Гледам дека тие постојано се потчинуваат и немаат свое јас, со сите и со се’ се согласуваат, без разлика дали се во право или не.

И така, еве што ми се случи. Се запнав и ослабев. Не ми беше толку тешка диетата. За рекордно време ослабев и повеќе од 20 килограми. Туку сега се појави нов проблем. Ми се смени личниот опис и воопшто не си се допаѓам. Убавите облини ми исчезнаа, дупчињата на лицето кога се смеам омлитавеа, добив некаков шилест лик на лицето, ми излегоа коските на виделина…на ништо не личам!

Дури сега станав несреќна и полна со комплекси! Се чуствувам ситно, малечко, поситно од маково зрнце. Мразам кога треба да поминам на места каде има многу луѓе, се покривам со облека максимално колку што можам повеќе и колку што можам да издржам, само за да не ми се гледаат коските.

Не знам што ми е. Сега јас сум таа што не може да наброи ниедна работа која и се допаѓа на сопственото тело. И сега се прашувам: Зошто дозволив така да ми го исперат мозокот?

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -