fbpx
23.8 C
Skopje

Вонредна прогноза – Циклон доаѓа кон Македонија – лоши вести за викендов

АКТУЕЛНО

Во текот на утрешниот саботен ден над северозападна европа ќе се формира циклонски систем кој ќе влијае на времето во поголем дел од Европскиот Континент а особено во недела како и на почетокот од следната недела истиот систем ќе влијае на времето и во нашата држава па така очекуваме и локална и тоа особено изолирана појава на повремен локален дожд и услови за појава на грмежи а ќе продолжи да дува и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, анализира Славчо Поповски.

И покрај ова ќе има сончеви период и ќе биде релативно топло за овој дел од годината и максималните дневни температури во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени.

И најновите анализи покуваат дека првата половина на овој месец ќе помине во релативно топло време но и со локална и повремена дестабилизација на атмосферата.

Да напоменеме дека услови за краткотраен локален дожд ќе има и утре (сабота) во западните планински предели.

Ув индексот и понатаму ќе има умерено висока вредност и ќе има коефициент помеѓу 4 и 5.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -