fbpx
22.8 C
Skopje

Втор ден преговори за името во Њујорк

АКТУЕЛНО

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Њујорк ги продолжија преговорите за спорот со името со посредство на медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц.

Средбата, како што беше најавено почна во 09:30 часот по њујоршко време или 15:30 часот по македонско време, а по завршување на денешната рунда се очекува некој или сите учесници во процесот да дадат изјави за тоа дали е направен некаков исчекор во преговорите.

Во пресрет на новата рунда разговори за името, која започна вчера во 16:30 часот по македонско време, Димитров и Коѕијас одржаа посебни средби со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на кои се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на Светската организација.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -