fbpx
24.8 C
Skopje

Вучиќ индиректно најавува повторување на црните сценарија: На Балканот ќе има војни

АКТУЕЛНО

Претседателот на нашиот северен сосед Србија, Александар Вучиќ, коментарјќи ја вчерашната изјава на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер дека на Западен Балкан му се заканува сценарио од 1990-тите, односно нестабилност, доколку ја изгуби перспективата за членството во ЕУ, изјави дека таа можност не би ја исклучил.

„Имам целосно почитување кон Јункер за разлика од многумина кои измислуваа дека бил пијан. Тој не беше пијан, бидејќи има проблеми со кои многумина од нас се соочуваат во движењето. Тој е сериозен и одговорен човек. Можеби е претерано тоа што го кажа, но јас не би го отфрлил тоа, ако бидеме оставени сами на себе“, изјави Вучиќ.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, вчера во Виена предупреди на ризикот од избивање војна на Балканот ако ЕУ дозволи да згаснат надежите на Босна, Албанија, Србија, Македонија и Црна Гора за пристап во Унијата.

„Ако, во крајно комплицираниот пејзаж на Европа, се појави впечаток дека не сме сериозни во нудењето ЕУ-членство на Западен Балкан, подоцна, а веројатно и порано, може таму да го видиме она што го видовме на Балканот во 1990-тите“, рече Јункер во говорот пред австрискиот парламент.

Јункер веќе минатиот декември рече дека проширувањето на Балканот е од витално значење за одржување на стабилноста во регионот и дека очекува Србија и Црна Гора да влезат во блокот до 2025 година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -