fbpx
26.8 C
Skopje

Заев: Бројчаник ќе има кога ќе има прва правосилна пресуда на суд дека некој украл пари од државата

АКТУЕЛНО

Првото прашање за премиерот Зоран Заев беше дали кризата во Република Македонија конечно е завршена, на што тој одговори дека се надева дека како што се придвижуваат процесите, така ќе дојде и крајот на кризата.

Лупевска од Телма му постави прашање: Кој ќе биде следен јавен обвинител?

Ние сакаме да мотивираме независни луѓе. Јас повикав Зврлески да си даде оставка. Негово легитимно право е дали ќе си поднесе оставка. Ние денеска почнавме процедура за негово разрешување. Ако порано почнеме со реформите, верувам дека побрзо ќе стигнеме до целта. Сакам да испратам порака дека сакам да ги мотивирам сите независни луѓе да влезат во институциите во кои што нема да има политичко влијание, одговори Заев.

Славица Арсовска од Сител го праша колку е решен за укинување на Кембриџ програмата.

Проектот не донесе резултати, туку трауми кај децата пренесени кај родителите и страв кај професорите. Самиот модел некаде дал резултати, некаде не е компактибилен. Треба да се отвори дебата, за да го унапредиме квалитетот на образованието. Треба да ги слушнеме чинителите, наставниците, децата и секако нивните родители. Во делот од Данска, од Финска е лесно применлив во Македонија. Тоа мора да го отвориме по пат на дебата, да видиме дали е исправно и дали ќе продуцира квалитетно образование.

Не е можно да има локални и парламентарни заедно во Септември. Ние имаме нова влада и таа треба да добие шанса.

Вие дел од медиумите ги бојкотирате, ги прогласивте за ваши непријатели. Нашиот медиум ве кани 15 месеци да гостувате на нашиот медиум, а вие упорно не игнорирате. Зошто не игнорирате?

Јавно потврдувам. Ќе прифатам покана. Се надевам дека за брзо време ќе го усогласиме терминот кога ќе бидам гостин во вашата емисија, одговори Заев укажувајќи дека ја прифаќа вината дека се работи за настаната грешка и дека во најбрзо време ќе гостува на ТВ НОВА бидеќи за него, сите медиуми се исти.

Мишко Иванов 24 вести – Многумина овде се свесни што направи Јавниот сервис изминатиот период. Дали појавувањето овде значи дека сте навистина спремни да има реформи во медиумите или МТВ ќе добие само промена на стопанот?

Една од реформите е и медиумите. Еден значаен дел зависи од законите, но најмногу од политичарите. Дебатиравме во Пржино за овој дел, тогаш дадовме предлог до здруженијата на новинарите во Македонија. Во тоа решение нудевме лидерска, уредничка независност на државниот сервис. На крајот од денот МТВ е наша телевизија, на сите нас. Јас сакам да ја видам МТВ како во ударните вести ја критикува власта за она што згрешила, да ја пофали за она што сработила. Јас не смеам ни да помислам да правам исто што правеа нашите претходници. Да трошиме огромни буџетски пари на нетранспарент начин, истворемено апелирам донесувачите на легислативата, медиумските работници, сопственици на медиумите да го дадат тој пондер на мотивирање од она што зависи јавен ресурс кој ќе биде критички настроен кон власта. Ние мора да стимулираме критика кон извршната власт.

Славица Арсовска Сител – Бевте голем противник на огласувањето на владата во медиумите. Ќе има ли вашата влада огласи на медиумите.

Тоа ќе го има само на МТВ.

Мишко Иванов 24 вести – За секоја украдена пара, ќе има бројчаник, што ќе правите со врбите и мерцедесот од 600. 000 евра, што ќе правите со здравството?

Немаме намера да ги трошиме парите на граѓаните во рушење. Сакам една фасада да ја соблечам од овие споменици за да покажам колку ова скапо чини и колку е грдо направено. Но, немам намера да трошам пари за рушење на нешто. Нема да трошиме ниту денар за рушење на врби. Нема да инвестираме во нови споменици, ниту пак да дизлоцираме. Бројчаник ќе има кога ќе има прва правосилна пресуда на суд дека некој украл пари од државата. Цената на еден бројчаник е 2000 евра, во две насоки 4000 евра. Мерцедесот ако го продадеме ќе изгубиме околу 100 000 евра. Имаше идеја да го дадеме на децата на домот без родители. Здравството и образованието се едни од најважните сегменти кои допираат до секое семејство. Мора да имаме мотивирани лекари и персонал, да ја спречиме имиграцијата, ќе го зајакнеме јавното здравство, а приватното нека си биде тука компактибилно на јавното, за да оние кои можат да си дозволат да си посетуваат приватно здравство.

Дали имало понуда од Груевски за амнестија на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ?

Имало отворени разговори за амнестија за луѓе од власта на ВМРО-ДПМНЕ, но законот има да важи за сите, ако сака нека е првиот мој соработник или член на семејството.

Дали ќе има попис? 

Во првите две години од нашиот мандат ќе има попис. Ни треба година и пол да се подготвиме за попис. Тој ќе биде спроведен на транспарентен начин.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -