fbpx
0 C
Skopje

Заев до критичарите од Македонија и Бугарија: Ние повторно го најдовме нашиот брат, договорот со Бугарија е искрен

АКТУЕЛНО

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...

Јавете се на овие броеви ако сте во странство и имате прашања за пописот

На сајтот на Министерството за надворешни работи се објавени телефонски броеви што ќе функционираат 24 часа и ќе бидат достапни за граѓаните за информации...

Стојанчe Ангелов со коментар за вчерашнитe протести во Скопје: Монструм и помирување не одат заедно

Стојанче Ангелов утрово се огласи на фејсбук по повод вчерашните протести во Скопје и напиша: МОНСТРУМ И ПОМИРУВАЊЕ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето...

Долго време нашиот сосед правеше проблеми со историјата на Македонија, но се очекува дека тие пречки кај Бугарите наскоро ќе бидат надминати. Пред една година, на 1-ви агуст, премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега, Бојко Борисов го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Премиерот Зоран Заев, на својата фан страна на Фејсбук, порача дека овој Договор е искрен и граѓаните на Бугарија не треба да се сомневаат во тоа.

„Гледам во пријателска Бугарија се отвори јавна дебата и се постави дури и прашањето за тоа дали ние двете земји и двата народи градиме ИСКРЕНО пријателство и соработка.

Сакам да им порачам на сите граѓани, дури и на критичарите во Македонија и во Бугарија, да немаат дилема дека пријателството и соработката се искрени.

Ние повеќе од една година чествуваме заеднички делови од историјата меѓу двата народи, неколку пати заедно одбележуваме историски настани. Јас сум првиот премиер на Македонија што во Бугарија (Благоевград) се поклони пред споменикот на Гоце Делчев при заедничкото одбележување на празникот. Претходно мојот пријател, господинот Борисов, беше прв бугарски премиер кој се поклони пред гробот на Гоце Делчев во Македонија (Скопје) при заедничкото одбележување на празникот. Заедно двајцата претседатели на влади се поклонивме и пред споменикот на Цар Самоил во Софија. Заедно во Рим, во Ватикан оваа година ги славевме Светите браќа Кирил и Методиј, заедничките сесловенски просветители. Премиерот Борисов дојде во Скопје специјално да се поклони пред споменикот на Холокаустот на Евреите.

Драги пријатели и браќа од Бугарија, верувајте, искрено градиме пријателство кое неколку децении наназад беше изгубено. Тоа беше загуба за двете земји. Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во договорот за добрососедство и пријателство.

Зарем можеме да заборавиме како премиерот Борисов и министерката Захариева се бореа за Македонија во Министерскиот Совет на ЕУ и во Советот на Европа, за Македонија да добие датум за почеток на преговори со ЕУ? Се бореа како што се борат за својата земја.

Зарем можеме да се правиме слепи и глуви кога гледаме и слушаме сѐ што Бугарија направи и успеа во тоа да ѝ помогне на Македонија за добивање на поканата за членство во НАТО? Зарем цела Европа не виде како Бугарија помага за Македонија и Западниот Балкан да се приближат кон Европската Унија?

Никогаш нема да го заборавиме тоа пријателство кое е докажано на дело. Ние сме благодарни и многу го почитуваме тоа. Затоа заедно ќе го славиме и чествуваме нашето минато и на темелите на тоа минато ќе продолжиме да ја градиме нашата заедничка иднина. Заедно ќе бидеме како едно семејство во заедништво со сојузниците од Европската Унија и НАТО“, порача Заев на социјалните мрежи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ТАЖНА ВЕСТ: ИМ НЕМА КРАЈ НА ТРАГЕДИИТЕ: ПОЧИНA ПОЗНАТИОТ ЛЕГЕНДАРЕН ПОРАНЕШЕН КОШАРКАР – Миленко Савовиќ!

Во само неколку дена и трет голем спортист од просторот на поранешна СФР Југославија прерано го напушти овој свет. По ракометарот Златко Сарачевиќ и фудбалерот...

За 3 години жена успеала да заштеди пари за нов стан – нејзиниот едноставен трик стана вирален на интернет

Шери Хауви ги воодушевила сите со својот начин на штедење пари, а на истиот може да штедат сите оние кои што имаат доволно пари...

Фото: Благодарение на добрите луѓе, нема да препознаете како изгледа куќата на Атиџе

Сузана Турунџиева во последно време минува многу време со Атиџе Муратова и станаа одлични пријателки. Сега, таа на својот Фејсбук профил сподели прекрасна вест: „Градежните работи...

Oвој март ќе биде посебен за три хороскопски знаци: На овој знak се ќе му појде од рака

Нов месец, нови предизвици, нови возбудливи денови особено за овие три хороскопски знаци ЛАВ Токму во март ќе се ослободат од предрасудите и конечно ќе...

БГНЕС: Масаkр и линч над Љубчо Георгиевски

Во последните 24 часа, во РС Македонија се одвива масовен и целосно координиран напад против поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, откако вчера тој предложи свој...
- Advertisement -