fbpx
12.8 C
Skopje

Заев кон ЕУ: Очекуваме да се отворат вратите за Македонија

АКТУЕЛНО

По повод јубилејот од 60 години потпишувањето на Римскиот договор, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ушати честитка до амбасадорот во Македонија на ЕУ, Самуел Жбогар и до делегацијата на Европската Комисија во Македонија.

Во продолжение и писмото од Заев кон ЕУ:

„Востановените европски вредности се патот за демократски развој и унапредување и усовршување на демократските процеси како за земјите членки, така и на земјите аспиранти за членство во Унијата, независно од предизвиците пред коишто е денес таа исправена.

60-годишниот јубилеј на ЕУ е доказ дека е ова успешен проект за успешна иднина на државите членики на Унијата, како и на регионот што очекува интеграција.

Убеден сум дека единството, солидарноста и заедничката иднина на ЕУ, како и отвореноста на Унијата кон нови земји членки ќе продолжи да генерира стабилност и безбедност, економски просперитет и квалитетен живот на граѓаните од државите кои гравитираат на европското тло.

Во оваа прилика ја нагласувам цврстата определеност на СДСМ, како политичка партија, но и како субјект којшто очекувам дека ќе ја предводи новата реформска Влада во Македонија, за европска перспектива на Република Македонија во духот на европските вредности. Одлучни сме да воспоставиме независни државни институции, владеење на правото и правната држава, економски развој и социјална кохезија во земјата, преку развој на концетот на заедништво, наспроти концептот на поделби, како и интеграција, наместо политиките на изолација што изминатиов период ја загрозија европската иднина на Македонија.

Низ заедничка соработка со ЕУ како и досега, базирана на принципиелна и демократска основа, преку реформските процеси што ќе ги преземеме во периодот што престои, очекувам отворање на вратите на Европа за граѓаните на Република Македонија“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -