fbpx
21.8 C
Skopje

Заев: Ова беше обид за мое УБИСТВО, дел од напаѓачите беа полицајци, дел бандити!

АКТУЕЛНО

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција истакна дека насилството и насилието е потикнато од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, претседателот на државата, Ѓорге Иванов, Трајко Вељаноски, Митко Чавков и група нивни соработници кои ги погодува трансферот на власта.

„Сакам јавно да упатам честитки до Талат Џафери и да порачам дека одлучно стоиме зад демократијата која носи добар живот и вистински евроатлански перспективи во државата. Насилството и насилието врз новинарите и пратениците е потикнато од Никола Груевски, Иванов, Трајко Вељаноски и Митко Чавков и група нивни соработници кои ги погодува трансферот на власта. Тие се спремни за своите интереси да ги жртвуваат граѓанските и државни интереси. Насилството е резултат на остатоци на режимот во распаѓање. Вчерашниот ден беше тест за Македонија и сите граѓани. Мора да покажеме дека сме зрели како луѓе и со целата наша совест да застанеме зад вистинските вредности“, рече Заев.

„Не смееме да подлегнеме на провокациите кои сакаат раздор во Македонија. Сите вработени во институциијата да постапат согласно уставните и законските надлежности. Ќе ја водам оваа земја бидејќи мнозинството се одлучи за промени, направен е првиот чекор кон нивна реализација, тешко е бидејќи имаме работа со непресметливи луѓе. Европската Унија, НАТО, САД во нас го гледаат моторот на мирот, безбедноста, стабилноста на Република Македонија и регионот“, додаде Заев.

Тој на новинарско прашање дали ова било посегање по неговиот живот, Заев одговори: „Ова беше обид за убиство по план и добра умисла. Таму директно под насилство беа и новинарите, ова беше обид за убиство со умисла и по план. Верувам дека дел од нив беа полицајци, дел бандити но тоа истрагата ќе го покаже, никој нема да остане скриен зад маската бидејќи луѓето се познаваат и вака скриени“.

 

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -