18 C
Skopje

Замислете ова да се случи во Македонија: Добил отказ оти доаѓал порано на работа

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Филијалата на Лидл во Барселона отпуштила работник, бидејќи бил премногу вреден. Поточно, работникот кој во Лидл работел 12 години, доаѓал порано на работа за да ја подготви продавница за отворање и поради тоа добил отказ.

Работникот поднел тужба на суд и бара да се врати на работа.

Вредниот работник, Жан П., доаѓал ма работа најмалку еден час пред да му почне смената и „почнувал да ја подготвува продавницата за отворање”. Во отказното решение е наведено дека „тој многу сериозно ги прекршил правилата за работа”, бидејќи Жан, без да се запише дека дошол на работа, „правел нарачки, ги менувал цените или ги пополнувал палетите на производи”.

Каталонската филијала на германскиот синџир на супермаркети навела дека на 19-ти април камерите за надгледување го снимиле работникот како влегува во продавницата во пет наутро и троши „помеѓу 49 и 87 минути”, без да се пријави дека е дојден на работа.

Вработениот ги прекршил строгите правила на малопродажниот ланец кој на вработените им плаќа за секоја минута што работат и им исплаќа прекувремено работење.

Отпуштениот работник го тужел поранешниот работодавач со образложение дека е неправедно отпуштен и бара да го врати на работа.

Жан П. вели дека не побарал од другите работници да доаѓаат на работа порано, и дека никогаш не му било кажано дека треба да побара дозвола да дојде порано на работа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -