fbpx
18.8 C
Skopje

Земјотрес од 6,7 степени по Рихтер го погоди брегот на Папуа Нова Гвинеа

АКТУЕЛНО

Земјотрес со магнитуда на ударот од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран крај брегот на островската држава Папуа Нова Гвинеја, во југозападниот дел на Тихиот океан, соопштија британските медиуми, повикувајќи се на американскиот геофизички институт.

Епицентарот на потресот, што се почувствувал во градот Рабаул, бил на длабочина од 33 километри и на 128 километри источно од островот Нова Британија.

Нема информации за жртви и разурнувања.

Тихоокеанскиот центар за предупредување за цунами од Хаваите соопшти дека нема опасност од разурнувачки бранови.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -