fbpx
36.8 C
Skopje

Жерновски е фејсбук градоначалник, обвинува Илијовски

АКТУЕЛНО

Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар, како и советник во Оштина Центар, Илија Илијовски го обвини градоначалникот Андреј Жерновски за лошо работење во неговиот мандат, како потрошил 710.000 евра за улица од 270 метри, а воедно и порача дека на центарци не им е потребен фејсбук градоначалник.

Во продолжение интегралениот текст на Илија Илијовски:

Почитувани,

Се наоѓаме пред најскапата улица воопшто уредена во целата држава. Мрзеливиот Жерновски преуреди улица од 270 метри која чини неверојатни 710.000 евра. Секој еден метар од оваа втора боемска улица чини 2.629 евра. Како што можете да видите, не се ова златни плочки, туку обичен бехатон.

И за втората боемска улица од општината рекоа дека ќе биде забранета за паркирање и ќе биде пешачка зона.

Но, од она што може да се забележи изминатиот период, боемската улица е една од најпрометните сообраќајни улици во Дебар Маало. Притоа, може да се забележат и видни оштетувања. Демонтирани столбчиња, искршени држачи за велосипеди, разлабавени плочки.

По само неколку месеци, боемската улица на мрзливиот Жерновски, почна да го доживува својот инфраструктурен крах.

Истите тие пари кои ги потроши за боемската улица Жерновски можеше да ги инвестира во градинки, училишта и други капитални проекти кои им се потребни на граѓаните на Општина Центар.

Мрзливиот Жерновски го преспа целиот мандат. Единствено што сработи се двете боемски улици за себеуживање и скапите забави, тамбураши и ди-џеи. На ваквото недомаќинско работење му доаѓа крајот. Центарци заслужуваат градоначалник кој ќе одговори на нивните потреби и барања, а не фејсбук градоначалник.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -