fbpx
24.8 C
Skopje

„Жешки“ предлози за СЕКС кои мора да ги искусите

АКТУЕЛНО

За подоцна да не се каете дека не сте испробале сè што некогаш сте можеле, ви нудиме неколку секси предлози кои би требало барем еднаш да ги искусите. Искористете ја секоја прилика и уживајте во секој момент полн со страсни бакнежи и воздишки.

Водете љубов гласно
Ако тоа вие е навика, во предност сте. Гласниот секс навистина има посебна магија. Испробајте го кога и да имате можност.

Употребете лисици
Врзувањето на партнерот за креветот може да биде навистина возбудливо ново искуство.

Секс-викенд
Отидете на викенд и не планирајте ништо друго освен топол кревет и многу секс.

Пред огледало
Тоа е сосема нова перспектива и за ваш и вашиот партнер. Ќе се видите себеси на начин на кој само трета личност би можела. Навистина ќе уживате во возбудливиот поглед кој ќе го имате.

Врзете ги очите
Кога и да ви се одземе едно сетило, сите други се изоструваат. Затоа, практикувајте ги затворените очи, а за сметка на тоа уживајте во сензуалните допири.

Изведете му стриптиз
Не морате да бидете професионална танчерка за да изведе прекрасен стриптиз. Страсната вечер ви е загарантирана по само неколку секси движења.

Груб секс
Ова знае да биде навистина интензивно и возбудливо искуство, но само доколку и двајцата партнери се однапред подготвени.

Снимајте се
Ако сте со личност во која имате потполна доверба, зошто да не? Вреди да пробате.

Секс на плажа
Ова е искуство кое секој мора да го доживее. Секако, овде не се мисли на некоја плажа полна луѓе, туку на некоја пуста и романтична.

Секс во секоја просторија од вашиот дом
И притоа мислиме на секоја, ама баш секоја просторија. Не ограничувајте се само во спалната соба.

Тројка
За оваа комбинација нема што да се раскажува, освен дека оние кои пробале велат дека тоа е тројно задоволство.

Секс на работно место
Оваа егзибиција може да ве чини углед, но ако гледате дека страста преовладува, тешко е да запрете.

Играње улоги
Може да биде забавно доколку имате потреба да ја разбиете монотонијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -