6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Живее во скромна куќа, работел како исфрлувач во ноќен клуб – Факти за Папата кои ќе ве изненадат

Во главниот град на Република Македонија денеска допатува поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Во продолжение неколку интересни факти за него:

– Вистинското име на папата Франциск е Хорхе Марио Бергољо. Роден е во Буенос Аирес на 17 декември 1936 година како најмлад од петте деца на италијански доселеници.

– Течно зборува италијански, германски и шпански, а се снаоѓа со англиски, француски и португалски. Студирал филозофија и дипломирал хемиска технологија. Пред да стане надбискуп на Буенос Аирес предавал книжевност, психологија, филозофија и теологија. Во 1986 година во Франкфурт одбрани докторат по теологија.

– Папата Франциск обожува танго. На часовите по танцување ја запознал својата тогашна девојка. Но потоа го почувствувал религискиот повик. Кога имал 12 години на својата прва симпатија наводно и рекол: Ако тебе не те оженам, ќе станам свештеник.

– Во младоста работел и како исфрлувач во ноќни клубови во Буенос Аирес за да заработи за стан и храна.

– Тој е страстен навивач на локалниот арегентински фудбалски клуб „Сан Лоренцо“. Во младоста активно играл кошарка. Исто така поседува голема колекција од дресови од фудбалски клубови.

– Папата Франциск е првиот папа кој не е од Европа уште од Гргур Трети кој бил роден на подрачјето на денешна Сирија а бил избран во 731 година. Тој, исто така, е прв папа од американскиот континент и прв папа роден во јужната хемисфера.

– Откако стана папа, тој беше кандидат за Нобелова награда за мир. „Тајм“ го прогласи за личност на 2013 година, списанието „Ролинг стоун“ го стави на насловната страна.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -