fbpx
23.8 C
Skopje

Зоран Заев: Ја следиме програмата на ВМРО-ДПМНЕ каде се вели дека граѓаните на референдум одлучуваат

АКТУЕЛНО

Ако мнозинството од гласови на референдумот се против тогаш ние ќе го поништиме договорот со Грција, но ако мнозинството се за тогаш ние треба и ќе ја следиме насоката која граѓаните ни ја даваат, изјави премиерот, Зоран Заев, на денешната прес конференција во Владата. Како што рече Заев мнозинството на граѓаните ќе го дадат патоказот кој потоа Владата, институциите и парламентот ќе го следат.

-Одлучуваат тие што гласаат. Тие што не гласаат не се ни бројат. Верувам дека гласот на граѓаните, она што е нивна определба, е правец по кој ќе се движат политичките состојби во Македонија. Нашите одлуки се безвредни ако граѓаните не ги поддржат и гласаат, тие го имаат последниот збор.

Референдумот како идеја потекнува од ВМРО-ДПМНЕ. Ние се согласувме со ВМРО-ДПМНЕ за речиси се и така ќе постапиме. Јас ќе излезам на 30 и ќе гласам „за“. Треба и другите лидери да го кажат својот став – рече Заев.

-Одлуката е сериозна и одговорноста се однесува на иднината на нашата татковина и на нашите граѓани. Да бидеме дел од светот, а не сами во светот. По 27 години, ред е да се интегрираме во ЕУ. Да го фатиме чекорот, да бидеме граѓани на ЕУ, повика премиерот Зоран Заев на граѓанската трибина во Неготино.

Тој посочи дека 27 години политичарите говорат за НАТО и ЕУ, затоа што тоа се нашите стратешки определби и дека е дојден сега моментот за исполнување на тие аспирации.

-Се правеле политички калкулации за чување рејтинзи, а помалку се мислело на државата. Зарем желбата во 1991 година не беше да одиме напред? Не се исполнија очекувањата, затоа 27 години зборуваме за ЕУ и НАТО. Како мал пазар тешко ќе опстанеме, можеме само заедно, правото и европските вредности ни требаат. Еден е животот, ајде да го живееме, повика претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

Тој објасни дека договорот од Преспа ги остварува вековните аспирации на нашите претци.

-Оваа генерација мора да ја зграпчи оваа шанса, затоа што нема друга алтернатива, нема план Б. Ако ја пропуштиме може да чекаме во следните 50 години. Борбата беше да имаме грутка земја признаена од цел свет, во којашто живее македонски народ признаен од цел свет, којшто зборува македонски јазик признаен од целиот свет. Тоа го имаме, рече премиерот, Заев.

-Должност е, кога ќе излезе мнозински народ и ќе гласа За, со огромно За на референдумот, ние политичарите да се поклониме и може само да ја спроведеме одлуката во Парламентот. Овој народ секој пат бил за Македонија и за идните генерации. Си го знам народот. На 30 септември ќе гласаме за европско Неготино, За европска Македонија, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на граѓанската трибина во Неготино.

Тој исто така потенцираше дека ја следат и силно ја поддржуваат програмата на ВМРО-ДПМНЕ, во која се вели дека граѓаните и само граѓаните на рефендум ќе одлучат за евентуалната промена на уставното име.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -