fbpx
27.8 C
Skopje

10 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА ГЛЕДАМЕ ПРЕМИЕР ЛИГА

АКТУЕЛНО

Со мечот меѓу Арсенал и Лестер, вечерва со почеток од 20:45 стартува новата сезона во најскапата фудбалска лига во светот. Челси ја брани титулата, а нови прволигаши се Брајтон, Хадерсфилд и Њукасл. Уживајте со англискиот елитен фудбал до 13 мај 2018-та.

ГОЛЕМА РАМНОТЕЖА
Челси ја брани титулата со Конте кој сака да го побие она „Сакам да ја избегнам сезоната на Мурињо, пред две години тимот заврши 10-ти“, мислејќи на тешкотиите во сезоната по освојување на титула.
ГВАРДИОЛА СО ИСКУСТВО ОД ЕДНА ГОДИНА
По Барселона и Баерн Минхен, Пеп Гвардиола ја мина првата сезона во Манчестер Сити, но без ниту еден трофеј. Работеше многу на менталитетот, почнувајќи од нула. Не е лесно да се воведе неговиот начин на игра во Премиер лигата, бидејќи бара многу. Оваа сезона се очекува неговата работа да вроди со плод.
СТАРИОТ МУРИЊО
Некои сметаат дека не е повеќе оној истиот и дека е остарен и здодевен. Во реалноста, Мурињо е секогаш истиот, а тоа е мотив плус да се гледа Премиер лигата. Можеби неговиот тим сè уште не ветува дека ќе биде незадржлив, но моќта на Португалецот не смее да се потцени.

Мурињo vs Конте

КОНТИНУИТЕТ
Ако двете екипи од Манчестер го поминаа летото во утврдување на стартните 11 и прилагодување на новите играчи, Тотенхем на пример ќе се појави со проверен систем на работа, како фаворит од позадина. Клуб со слична улога на Наполи во Серија А.
НОВ ТЕСТ НА ДВАЈЦА ПОРАНЕШНИ ТРЕНЕРИ НА ИНТЕР
Имаат многу мотиви за да се докажат бидејќи од Италија си заминаа со многу критики по кусиот престој во Интер. Франк де Бур ќе го води Кристал Палас за да докаже дека Интер беше само една куса и неуспешна епизода поради склоп на околности. Рафа Бенитез ќе се обиде да ги негира обложувалниците кои го фаворизираат како тренер кој прв ќе добие отказ. Шпанскиот стратег го врати Нукасл во елитата
ИСТОРИЈА
Кам бек во Премиер лигата прават две историски клуба: Хадерсфилд Таун и Брајтон. Првиот се враќа по пауза од 45 години, а факт кој вреди да се истакне е дека се работи за првиот англиски клуб кој во 20-те години освои три титули во низа. Брајтон во 1983-та стигна до финале во ФА Купот.
НЕ ГО ПОТЦЕНУВАЈТЕ
Чичарито, Арнаутовиќ, Џо Харт и Ѕабалета се нови играчи на Вест Хем, а тоа е сосема доволен податок големите клубови да бидат внимателни со нив.
РУНИ ВО ЕВЕРТОН
Се поздравија со Лукаку, но го донесоа Вејн Руни кој го имаа како дете. Неговиот кам бек засени уште едно засилување за почит, а тоа е Класен од Ајакс.

РУНИ ВО ЕВЕРТОН

ДОЖД ОД ГОЛОВИ
Има повеќе голгетери од кои се очекува да експлодираат во новата сезона. Лукаку лани постигна 25 гола, а сега неговиот предизвик се вика Манчестер Јунајтед каде пристигна како замена за Ибрахимовиќ. Конте на местото на Диего Коста го доби Мората, а не смееме да го заборавиме и Хари Кејн, најдобар стрелец изминативе две сезони со фасцинантна бројка од 75 гола во последните три сезони.
СПЕКТАКЛ
Нема подобри зборови од оние со кои Паоло Ди Канио ја опишува Премиер лигата. „Тоа е пасија и авантура, каде мечот не е завршен се додека не слушнеш судијата да свирне три пати, каде ќе станеш шампион само ако играч со дигнат нос, каде кога ќе бидеш на терен знаеш дека не си сам и затоа што тука срцата на навивачите се чувствуваат посилно“.

Извор: Off.net.mk

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -