fbpx
28.8 C
Skopje

7 храни кои ќе ве „наполнат“ со енергија

АКТУЕЛНО

Недостатокот на енергија ги намалува физичките и умствените способности. Тоа ве прави помалку продуктивни и ви пречи да ги извршувате секојдневните задачи. Освен тоа недостатокот на енергија може да го подигне нивото на стрес и анксиозност. А тоа од своја страна се одразува негативно на квалитетот на животот. Некои луѓе посегнуваат кон енергетските пијалаци, за да го компензираат овој недостаток, но нивната прекумерната консумација е штетна за здравјето и води кон дебелеење.

Затоа сакаме да споделиме со вас 7 неверојатни храни, кои ќе му ја обезбедат на вашето тело потребната енергија, ако редовно ги јадете.

  1. Јатки
    Јатките се достоен пример за храна полна со енергија. Не само затоа што ја подобруваат физичката и менталната состојба, но и го потиснуваат гладот и го засилуваат вашиот метаболизм. Јатките се комплетна храна која содржи значителни количини на калории и енергија. Тие се извор на висококвалитетни протеини, антиоксиданси и есенцијални масни киселини. Конзумирањето на мали порции ореви ќе ги подобри вашите физички и умствени можности.
  2. Темно чоколадо
    Чоколадото кое содржи најмалку 60% какао, е одлична можност за полнење на вашиот организам со енергија и подобрување на расположението. Неговите eсенцијални масни киселини и јагленохидрати му делуваат на вашето тело како „гориво“ и ја подобруваат концентрацијата и силата на вашите мускули. Освен тоа неговите антиоксиданси ги штитат клетките од штетното дејство на слободните радикали. На овој начин се заштитуваат органите од предвремено оштетување. Темното чоколадо има стимулативно дејство и го зголемува создавањето на серотонин и ендорфин од вашиот организм, познати како хормони на среќата.
  3. Кокосово масло
    Кокосовото масло содржи здрава форма на заситени масти, што значи неговото конзумирање помага во забрзување на метаболизмот. И не само што не се претвора во масти, туку со покренување на метаболизмот му овозможува на телото да согорува повеќе масти, истовремено давајќи му повеќе енергија (гориво и за мозокот и за мускулите) и поголема издржливост. Сето ова резултира и со губење на вишокот килограми и одржување на здрава и избалансирана тежина. За разлика од другите растителни масла, кокосовото масло содржи незаситени масти кои се всушност здрави и помагаат во спречување на разни срцеви болести како и регулирање на холестеролот.
  4. Мед
    Поради богатството и складниот сооднос на витамини, минерали и ензими што ги содржи медот, со неговата секојдневна употреба го зајакнувате срцето, имунолошкиот систем и крвотокот. Тој е сладок еликсир составен од фруктоза и глукоза, а истовремено богат извор на минерали: железо, калциум, фосфати, калиум и магнезиум, а исто така е и одлична замена за шеќер. Медот има голем број на хранливи материи, овозможува подобра регулација на нивото на шеќер во крвта и придонесува за полесно одржување на добрата форма. Неговите природни шеќери се лесно усвоиви, што ја оптимизираат потрошувачката на енергија и ја подобруваат метаболичката активност на организмот.
  5. Грозје
    Грозјето е одличен извор на витамини од групата Б (освен Б12), А и Ц кои поттикнуваат размена на јаглехидрати и поволно делуваат на нервниот систем. Содржи шеќер, кој се разликува од останатите шеќери затоа што брзо навлегува во крвотокот и се препорачува при физички и психички напор. Содржи и танини, винска, јаболкова и лимонска киселина, минерали калиум, магнезиум, фосфор, железо, бакар и манган, а кожинката од зрната изобилува со целулоза. Исто така, содржи и кверцетин, супстанца која го регулира нивото на холестерол во крвта и намалува ризик од појава на срцев удар, го заштитува срцето и крвните садови, а богата е со полифеноли, антоцијани и пектини. Тие се антиоксиданси кои се борат против штетните материи и слободните радикали па спречуваат појава на разни тумори и го заштитуваат организмот од предвремено стареење. Пожелно е затоа што изобилува со железо и бакар, минерални важни за создавање еритроцити и хемоглобин, па се препорачува на луѓе кои страдаат од анемија и овозможуваат полесно заздравување после операција или повреди. Покрај фактот што е богат извор на енергија, спречува воспалителни процеси и го зајакнува имунитетот, ја подобрува крвната слика, помнење, концентрација и сонот.
  6. Манго
    Познато со неодолив вкус и мирис мангото е плод полн со енергија, кој е исклучително корисен за вашето здравје. Мангото содржи значително количество на витамин Ц, антиоксиданс кој ја подобрува состојбата на имунолошкиот систем и кожата. Освен тоа го забавува штетното влијание на токсините и слободните радикали. На овој начин се штити организмот од стареењето на клетките и од развој на одредени болести. Мангото содржи витамин Е и железо, кои се грижат за ткивата, ја подобруваат циркулацијата и се борат со анемијата.
  7. Јајца
    Една од причините да јадете јајца за појадок е затоа што ве полнат со енергија и можете беспрекорно да се справите со задачите во текот на денот. Причината за тоа е големото количество висококвалитетни протеини содржани во јајцата. Покрај другите корисни својства, овие протеини помагаат за акумулацијата на мускулна маса и ја зајакнуваат вашата физичка состојба. Јајцата содржат и многу јагленохидрати и основни масти кои помагаат во процесот на претворање на храната во енергија. Умереното консумирање на јајцата го задоволуваат вашиот глад и ви дозволуваат да слабеете на здрав начин.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -