-0.2 C
Skopje
Thursday, January 16, 2025

Тие ќе ја спасат Македонија

Единствената надеж за спас на Македонија, таква каква што ја знаеме барајте ја кај:

– Тие што PISHUVAAT NA LATINICA SO GOLEMI BUKVI I IMETO NE GO DAVAAT.

– Тие што секој ден го поминуваат пред компјутерот во партискиот штаб и виртуелно оплодуваат цели групи на луѓе и нации, начело со предавниците и Татарите се разбира.

– Тие што од далечна Австралија и Америка од дистанца ја бранат Македонија од „клетите Шиптари“ и од Татарите се разбира.

– Тие што своето жалко постоење сакаат да го „обвиткаат“ со патриотизам, но поради својата ментална ограниченост не стигнале подалеку од „патриотизмот“ од миленков тип.

– Тие што, ако утре пламне во Македонија, први ќе избегаат на Халкидики.

– Тие што барем еднаш во животот го развеале знамето со 16 краци пред Беаз куле во Солун или на било кој од краците.

– Тие што чекаат партиска директива за да излезат на улица спонтано, за после на уште поспонтан начин да се приберат дома.

– Тие што поради партија би кренале рака на братот свој или пак би заборавиле на долгогодишно пријателство.

– Тие што слепо му веруваат на својот лидер, се додека имаат некаков финансиски бенефит од таа верба.

– Тие што градат култови и тотеми како пагани додека се удираат во гради со своето христијанство.

Побарајте ја единствената надеж кај тие и ако ја најдете побарајте ме да ве почастам сладолед… на стапче.

Пишува: Батко Тане 

поврзани објави

Последни објави