fbpx
6.8 C
Skopje

Американските службеници сослушаа 3. месечно бебе – потенцијален терорист?

АКТУЕЛНО

Вработените во американската амбасада во Лондон сослушаа потенцијален терорист, кој се покажа како 3 месечно бебе, откако неговиот дедо пополнил погрешно квадратче во прашалникот за добивање на виза, соопшти британскиот The Guardian.

Изданието пишува дека дедото на Харви по грешка одговорил со “да” на прашањето “Дали имате било каква поврзаност/однос кон терористичка активност, шпионажа или геноцид?”

По ова, младиот Харви бил повикан на разговор во амбасадата во САД.

„Не можев да поверувам дека не виделе дека тоа е едноставно грешка и дека 3-месечно бебе не може да предизвика зло никому“, вели 62. годишниот дедо на Харви.

Дедото бил изненаден од немањето чувство за хумор кај американските службеници. Оваа грешка, дедото на Харви ја нарече „многу скапа“ бидејќи семејството на малиот Харви платило дополнителни 3. 000 долари за нови визи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -