fbpx
33.8 C
Skopje

Ангел Џамбазки: Антонијо Милошоски заборави на времето кога се сметаше за вистински Бугарин и следбеник на Тодор Александров

АКТУЕЛНО

Антонијо Милошоски се истакнуваше себе си како вистински Бугарин, приврзаник на идеите на Тодор Александров и старите дејци на ВМРО, изјави за бугарската информативна агенција „Фокус“ Ангел Џамбазки, европратеникот од Европските конзервативци и заменик-претседател на ВМРО – Бугарско национално движење,

„Антонијо Милошоски, кој го вееше бугарското знаме, денес работи против интересите на Македонија“, истакна уште Џамбазки. „ Тој има учествувавано во одбележување на убиството на Тодор Александров и има слики на кои тој го држи заедно со нас бугарското знаме“-додава европратеникот.

Изненадувањето од промената на неговото однесување е непријатно, но најверојатно се должи на долгиот престој во власта и на тоа дека е близок до Груевски. Управувањето на Груевски е обележано со оддалечување од Бугарија “, рече Џамбазки.

Според Џамбазки, Милошоски  денес работи против интересите на Македонија. Според заменик-претседателот на ВМРО-БНД, Македонија има интерес од потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, бидејќи преку овој договор ќе се отвори вратата кон ЕУза Македонија, а и Бугарија има интерес од тоа.

Џамбазки смета дека во моментов се следи линијата на саботажа на македонската евроинтеграција од страна Москва и Белград, а во помала мера од страна на Атина, со главна цел Македонија да остане „црна дупка“, место на нестабилност, и да и се овозможи на Србија да биде проводник на странските интереси на Балканот.

„Трансформацијата од финансиски и кариеристички аспект во однесувањето на Милошоски е дел од оваа алка. Оваа акција има за цел да го спречи склучувањето на Договорот за добрососедство“, рече уште Ангел Џамбазки.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -