fbpx
12.8 C
Skopje

Анкета: Свеста за селектирање отпад висока, нема доволно контејнери

АКТУЕЛНО

Пакомак спроведе анкета во Скопје, Куманово, Битола, Струмица, Тетово, Штип и Охрид, а со неа се опфатени 1.000 испитаници од различни старосни групи.

Истражувањето покажува дека 90 отсто од граѓаните би го селектирале отпадот ако во близина на нивните домови има специјализирани контејнери за оваа намена.

„Истражувањето покажа дека граѓаните во поголемите градови имаат релативно висока свест и развиени навики за селетирање отпад. Вкупно 33,9 отсто од нив редовно или често селектираат барем еден вид отпад. Сепак, Битола и Скопје предничат и се двата града каде статистички граѓаните повеќе селектираат во споредба со другите“, информира Пакомак.

Според анкетата, само 17 отсто од испитаниците рекле дека во близина на својот дом имаат контејнери за селектиран отпад.

Во земјите од ЕУ кои имаат висока стапка на рециклирање отпад, сет контејнери за селекција (жолт, син, зелен) опслужуваат 200-500 жители, зависно дали средината е урбана или рурална. Тоа, според Пакомак, би значело дека во РМ се потребни најмалку 4.000 локации за селекција или вкупно 12.000 контејнери за да може селективно да се одложува отпадот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -