fbpx
28 C
Skopje

Арнаудов: Да се мрази сопствениот род е најголем грев рамен на чедоморство“.

АКТУЕЛНО

Членот на ИК на ВМРО-НП, Ламбе Арнаудов, во интервју за Република вели:

„Јас не сум насилник, не сум пијаница, а не сум ни фашист.

На протестите одам заедно со слободоумниот, правдољубив и благ наш народ. Гледам околу мене храбри, решителни, честити граѓани, домаќини и скромни стари и млади луѓе. Гледам околу мене и многу познати членови и симпатизери на СДСМ кои заедно со вас минатата година со денови маршираа во редовите на левицата и шарената револуција.

Сега ве прашувам, од кога истите луѓе станаа фашисти, пијаници, бандити и насилници и ни се придружија нам?

А, за фашизмот! Е, па вие што не обвинувате за фашизам топло ви препорачувам уште еднаш внимателно да го погледнете настапот на вашиот лидер на емисијата ,,Отворено,, на ТВ 24.

Во неколку наврати силно се закануваше дека се од ред ќе зема на одговорност, ќе казнува и ќе затвара па според димензиите и пропорциите на заканите се доби впечаток дека половина Македонија ќе ја претвори во концентрационен логор. Паралелно погледнете снимки од документарни филмови и емисии од 20тите и 30тите години на минатиот век. Споредете ги начинот на изразување, тонот и содржината на говорот со вашиот водач со познатите водичи на големите народи од тоа време и проценете искрено дали ќе најдете некои сличности.

Сакам да верувам дека е тоа само привремен момент на слабост и револт предизвикан од не добивањето на мандатот, бидејќи после извесно време се освести и сам призна дека претерал со заканите… Кој знае? Можеби да, а можеби и не.Времето ќе покаже.

Да ни се препише фашизмот односно да не се сака друг народ особено некој што живее заедно со вас, ви е пријател, комшија или соработник е крајно нехумано и нецивилизирано и тоа никогаш не била наша животна филозофија. Не е во сакањето. Во мразењето е. Да се мрази сопствениот род е најголем грев рамен на чедоморство“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -