fbpx
11.8 C
Skopje

ДУИ: Во согласност со своите уставни обврски, Иванов да го додели мандатот!

АКТУЕЛНО

ДУИ преку соопштение го повикува Иванов да го довери мандатот на новото парламентарно мнозинство преточено во 67 пратенички мандати во Собранието на Република Македонија.

„Заедничката изјава на албанските партии е во согласност со европските вредности. Не го загрозува унитарниот карактер и уставниот поредок на државата. Тоа е заеднички документ потпишан во Скопје како едно резиме на изборните програми на сите наши парламентарни партии и во никој случај не претставува натметнување на каков било надворешен фактор.

Имајќи предвид дека оваа Изјава е во согласност со европските вредности бидејќи ја зајакнува етничката кохезија, помага на зајакнување на демократијата, владеењето на правото и законот како и евро-атлантската перспектива на нашата земја, ние сметаме дека заедничката Изјава на албанските парламентарни партии е во духот на Охридскиот Договор и Уставот на земјата и како таква на било каков начин не влијае врз интегритетот на земјата и не го загрозува унитарниот карактер и уставниот поредок на државата, истакнуваат од ДУИ и додаваат дека ниту еден ред од оваа изјава не го прекршува Уставот на Република Македонија“, се вели во соопштението на ДУИ

Од таму сметаат дека Иванов е должен да го додели мандатот за формирање на Влада на новото парламентарно мнозинство преточено во 67 пратенички мандати.

Од ДУИ го повикуваат  Иванов, како и политичките партии во Македонија, да бидат умерени и претпазливи во своите изјави со цел да не се загрози заедничката иднина на граѓаните во Македонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -