6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Арсенал елиминиран од второлигаш, „Топчиите“ добија свирежи од сопствените фанови (ВИДЕО)

Нотингем Форест приреди изненадување во ФА Купот, второлигашот вечерва го зеде скалпот на Арсенал и го совлада фаворитот со 4-2

Арсенал за прв пат под водство на Арсен Венгер доживеа елиминација во 3. коло од ФА Купот, „Топчиите“ загубија на гостувањето кај Нотингем Форест, а за лошата партија добија свирежи од сопствените фанови.

Домаќините најавија изненадување по 20 минути игра, Лихај се снајде најдобро по еден прекин и го матираше Оспина за 1-0.

Само три минути подоцна Мертесакер скокна највиско по корнер од левата страна и донесе 1-1, но гостите доживеаја нов шок пред крајот на првиот дел. Лихај смири една топка на гради и со волеј од врвот на шеснаесетникот фантастично погоди во аголот за 2-1.

Нотингем потоа зголеми на 3-1 во 64. минута откако Бриртон реализираше пенал. Велбек ја врати надежта кај гостите со гол во 79. минута, но сите дилеми беа решени пет минути подоцна кога Доуел погоди од белата точка под сомнителни околности откако се лизна пред да шутира и се чини дека два пати ја удри топката.

https://www.youtube.com/watch?v=X24afHnyHGo

Извор: 24Фудбал

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -