Новата верба и новата надеж кои претстојат пред нас за да изградиме современо заедничко општество треба да ни бидат водилка во натамошниот развој. Единството, почитта и соживотот кои секојдневно треба да ги практикуваме да бидат нашиот заштитен знак како народ и како држава.
Во вакви динамични и модерни времиња никако не смееме да ја заборавиме традицијата. Традиционалните вредности да бидат духовна и морална основа на нашето општество.
Рождеството Христово нека ни донесе радост, среќа, здравје и успех во секој дом. Посакуваме сите граѓани во семејна благосостојба и мир да ги поминат празниците. Семејните вредности мораме да ги негуваме и да ги издигнуваме до совршенство.
Христос се роди! На многаја лета“ се вели во соопштението на ВМРО-НП.