fbpx
12 C
Skopje

Бејта: Сакаме да се формира влада што побргу

АКТУЕЛНО

Консултациите меѓу СДСМ и ДУИ продолжуваат и денеска, а тема да разговор е новата влада. Потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта, изјави дека јавноста наскоро ќе биде информирана со одлуката на партијата.

„Ангажирани сме да се стави во функција Собранието на Македонија и што побргу да се формира владата. Ние водиме преговори и верувам дека набргу ќе бидете известени за сè. Г. Хан има работа со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, наша задача како работна група е да го информираме претседателството на ДУИ и претседателот за тоа што сме ги оствариле во преговорите со работната група на социјалдемократите“, изјави Бејта.

Од СДСМ сеуште нема детали околу тоа како се одвиваат преговорите. Тие најавија дека со повеќе информации ќе дознаат по средбата со европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, кој утре ќе пристигне во Скопје.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -