28.8 C
Skopje
Tuesday, July 15, 2025

БОРИСОВ ГО ЗЕДЕ МАНДАТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ВЛАДА: Имињата на министрите ги имам во мојата глава, но се уште немаме конечен договор (ВИДЕО+ФОТО)

Лидерот на ГЕРБ денеска го зеде мандатот за формирање на влада од бугарскиот претседател Румен Радев. Церемонијата започна во 10.30 часот во зградата на „Дондуков“2. На церемонијата присуствуваше и претседателот на ПГ на ГЕРБ и коалицијата, Цветан Цветанов.

Со коалицискиот договор се обидовме да ги исчистиме сите можни детали кои гарантираат мирно управување на идната влада. Имаме неколку денови да го исполниме кабинетот со кадри, за да има баланс. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов откако доби мандат за формирање на влада од претседателот Радев.

Тој напомена дека за нив е важна борбата против лажните пензии, образованието, инвестиции во образованието, како и намалување на административниот товар, продолжување на судските реформи.

Според Борисов, бугарските граѓани очекуваат уште во првиот ден да почнат да се случуваат убави работи. Во најкраток можен рок ќе го информираме претседателот за нашите активности, истакна Борисов.

„Ги имам имињата на министрите во мојата глава, но кога се прави нешто заедничко, додека конечно не се договори, ништо не е договорено. Уставот ни дава 7 дена. Имаме време да дејствуваме, за да направиме нешто добро“, рече претседателот на ГЕРБ.

https://www.facebook.com/boyko.borissov.7?hc_ref=SEARCH

поврзани објави

     

Последни објави