Поранешниот премиер на Косово и лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Рамуш Харадинај од денеска е слободен човек.
Судот во Колмар одлучи да го одбие српското барање за екстрадиција на Харадинај. Денеска лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово изјави дека „ова е победа на Албанците“ и дека тој од денеска е слободен човек.
Тој им се обрати на своите приврзаници, при што им се заблагодари за поддршката.
„Битката е добиена. Бидејќи сум слободен човек, одам во Стразбург да си го вратам пасошот. Се надевам дека денеска ќе се вратам во Косово. Изгубени се четири месеци, времето е драгоцено,“ рече Харадинај.