fbpx
2 C
Skopje

Божиќна порака на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

АКТУЕЛНО

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...

Јоци до Бранко: Вие сте одамна политички мртви, не ви давам да ја растурите Македонија

Другпат поубаво да ме читате кога ви кажувам предвреме кој е кој и што ќе се случува. Односно, дека ова што го прави ,,БЦ...

Додадете сода бикарбона додека варите јајца – причината ќе ве изненади

За секој проблем постои решение – би рекле многумина, и навистина е така барем кога станува збор за варењето јајца и неговото лупење. Се...

Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан упати божикна порака по повод претстојниот празник Рождество Христово – Божик.

– Денес не само што си спомнуваме за едно раѓање од пред две илјади години, туку и самите учествуваме во прерадосниот настан на рождеството на Синот Божји, Господ Исус Христос. Денес и ние со ангелите го објавуваме доаѓањето на Спасителот, ја следиме ѕвездата од Исток по патот кон витлеемската пештера, заедно со пастирите Го пречекуваме Новородениот Богомладенец и со мудреците Му принесуваме дарови на ветениот Месија – Кој е Христос Господ.

Возљубени празникољупци,
Без Христа нема ни вистински човек ни вистински живот, како што нема ни вистинска наука, образование, култура и цивилизација. Христос дојде за да ги збратими луѓето и народите и да ги доближи сите далечини и разлики. Затоа е потребно да бидеме со Христа, да одиме по евангелските пораки, по вредностите што се за сите времиња, по добродетелите што се вечни.
Новородениот Богомладенец постојано нѐ повикува преку верата и добрите дела да се спасуваме од суетите и минливоста; нѐ повикува да не ги заборавиме оние коишто страдаат и имаат потреба од помош, од подадена рака и утеха. Спасителот Христос нѐ повикува на мир Божји, на мир во себе и со сите околу нас. Па, христијански е да ги сакаме сите луѓе, дури и непријателите! За овој Божик да пораснеме во човечноста и човекољубието, во родољубието и домољубието, да израснеме во љубовта, зашто со неа сѐ можеме – љубовта сѐ простува и сѐ победува.

Возљубени,
Претстојното лето Господово нека биде исполнето со надеж дека и овде во Македонија, и меѓу иселените нашинци и насекаде по светот ќе завладеат мирот и добрата волја. Ние како народ – тоа најдобро ќе го постигнеме ако живееме според верата и преданието на Светата Црква. Треба да опстоиме во борбата за нашето право, достоинство и наследство, мудро чувајќи ја и вреднувајќи ја жртвата на нашите доблесни предци.

Честит Божик и благословено Новото лето Господово. Христос се роди!, стои во божиќната порака на г.г. Стефан.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Декември ќе биде многу среќен за овие три хороскопски знаци: Розите ќе цветаат во име на љубовта

Среќата ќе ги придружува и во следната година во која тие ќе фантазираат, ќе визуелизираат и ќе размислуваат позитивно, а тоа пак ќе отвори...

Апасиев ја прифати поканата: Генерале, спремај турско кафе, превриено, без шеќер

Професоре Апасиев, благодарам на брзиот одговор. Кафето ќе го спремам лично јас. Турско. Превриено. Без шеќер. На 19 ноември го замолив @shlapatalo (Борче Стаменов, скромен дечко...

Венко ги објави резултатите: 40 % од тестираните се позитивни

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-279, Куманово-49,...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...
- Advertisement -