fbpx
20.8 C
Skopje

Реал Мадрид на Интер му нуди и една од своите ѕвезди за да го добие Икарди

АКТУЕЛНО

Реал Мадрид е подготвен да го растури триото ББЦ со цел да го добие Мауро Икарди од Интер.

Реал Мадрид го нуди Карим Бензема како дел од понудата до Интер за услугите на Мауро Икарди.

Бензема постојано игра во променлива форма, но и покрај тоа во изминатите години е прв напаѓач на Реал Мадрид и една од главните ѕвезди на Зинедин Зидан.

Но оваа сезона работите не се движат во посакуваната насока, па промени во офанзивата се неопходни.

Икарди е една од најголемите цели на Реал Мадрид, тој во својот договор има откупна клаузула од 110 милиони евра, но таа не е валидна во јануари.

Капитенот на Интер ако отиде сега во Реал Мадрид може да игра и во Лигата на шампионите бидејќи нероазурите не играа во натпреварувањето.

Весниците велат дека Реал Мадрид го нуди Бензема плус доплата за Икарди. А „Газета дело Спорт“ вели дека Интер треба да ја продаде својата ѕвезда за да го испочитува финансискиот фер плеј.

Но, претходно Икарди јасно нагласи дека сака да остане во Интер, а за февруари се закажани и преговори за продолжување на соработката.

24Фудбал

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -