fbpx
18.8 C
Skopje

Дали ја знаете тајната за совршено пире?

АКТУЕЛНО

Ретко на кого не му се допаѓа пире од компири, но кој знае како да приготви меко пире, без грутки, со совршена конзистентност и сооднос? Доколку пирето ви се претвори во леплива смеса или баш нема вкус, време е да се запознаете со десетте најчести грешки и како да ги избегнете во подготовката.

  1. Грешка: Користите погрешен вид на компир

Со оглед на врстата, компирите во готвењето можат да се поделат на три вида: тврди сорти кои не се омекнуваат и се сечат лесно, средно тврди, уште релативно тврди, и меки кои омекнуваат и распаѓаат лесно. Најдобар избор за пире се средно тврдите компири , бидејќи тие имаат повеќе скроб па ќе бидат повеќе кремасти.

  1. Грешка: Ги сечете на различни парчиња

Доколку го исечете компирот на нееднакви парчиња, тогаш нема рамномерно да се зготват и поголемите парчиња нема да бидат доволно меки, а помалите распаднати. На тој начин никогаш нема да добиете совршено кремасто пире. Затоа подеднакво исечете ги компирите, ставете ги во ладна вода, нека зовријат и нека вријат додека подеднакво не омекнат.

  1. Грешка: Презготвен или недоволно зготвен компир

Презготвениот компир е блед и прилично невкусен. Недоволно готвениот компир е пак премногу зрнест и од него тешко се добива мазно пире. Совршено зготвениот компир ќе го познаете по тоа што со оштар нож глатко ќе поминете низ него.

  1. Грешка: Користете мискер, мешалка

Важно е да знаете дека компирот е богат со скроб, што значи дека не треба премногу да се миксира и гмечи. Доколку користите мискер или блендер, скробот ќе се згусне и се претвара во леплива смеса.

  1. Грешка: Премногу го гмечите компирот

Дури и рачно да го гмечите, може да претерате во тоа. Кога ќе додадете млеко, павлака или путер, се промешува нежно додека состојките не се соединат.

  1. Грешка: Користите ладно масло, млеко или крем

Ако ги ставите на собна температура, подобро ќе се смешаат со компирот, а воедно ќе спреши премногу гмечење на компирот.

  1. Грешка: Ставате премногу течност

Можете да додадете малку крем или млеко, но мора да внимавате на количината , не сакате да добиете супа од компири, наместо пире.

  1. Грешка: Не сте додале доволно путер

Познатиот рецепт за пире од компири на Џоел Робучон вели дека компирите и маслото треба да се стави во сооднос еден спрема два. Ако не сте задоволни со вкусот на пирето, не сте внимавале на копичината.

  1. Грешка: Не сте доделе доволно сол

И најдобро изгмечениот компир, со совршена количина масло, и понатаму ќе биде лоша смеса ако не додадете сол.

  1. Грешка: Го сушите пирето

Тоа е во ред, иако не баш препорачливо. Но, бидејќи не е добро да се служи ладно, ќе треба да го загреете а со тоа да внимавате да не го изгорите. Постојат два начина за ова: да го ставите врз тенџере со зовриена вода или само додајте зовриено млеко.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -