fbpx
18.7 C
Skopje

Договорот ги спои

АКТУЕЛНО

Првата дама на опозицијата во Бугарија, г-ѓа Корнелија Нинова (лидер на Бугарската Социјалистичка Партија-наследник на Бугарската Комунистичка Партија) побара увид во најавениот за потпишување договор за добрососедство меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија. Истото нешто го побараа и нејзините колеги од ВМРО-ДПМНЕ. Одговорни политичари се луѓето сакаат да знаат што потпишуваат нивните земји… Сепак се работи за договор за добрососедство во XXI век, кој знае какви чуда, точки, подточки и цртички може да содржи…

Инаку и ВМРО-ДПМНЕ и БСП имале можност да потпишат еден таков договор, ама ете тие не потпишале и нив никој не ги прашувал „шо вака апанс’з ви текна“ или пак „шо пишува во договорот другари“.

Фактот дека меѓу двете најблиски земји на Балканот (во било кој поглед) е потребен договор за добрососедство не сакам ни да го коментирам. Небулозата во која живееме веќе 26 години, говори сама за себе.

Инаку арно им текна на Груевски и на Нинова да побараат увид во договорот. Таман ќе се отвори и дебата. Дебатата може да трае уште 26 години. Нека го покажат договорот, опозицијата и од двете страни на Деве Баир има право да добие политички поени, дебатирајќи за тоа, што треба и што не треба да стои во договорот.

Од дебатата огромна корист ќе имаат и Томче од Свирипичино и Иванчо од Стрчиопавче Видинско. Двајцата големи „патриоти“ за момент ќе заборават на реалните проблеми со кои секој ден бијат битки и ќе се впуштат во една авантура преполна со размена на сексуални закани, упатени кон мајките сестрите и братовчедките од двете „завојувани“ страни, Facebook дава неограничени можности на сите оние кои сакаат онака „братски“ да си се изнапцујат до 3 братучедка.

Инаку договорот ги спои наследниците на Георги Димитров и Тодор Живков и наследниците на… Па не сум сигурен во моментот, чиј наследници се противниците на договорот за добрососедство, кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во едно сум сигурен на Делчев и на Александров не се, колку и да сакаат да се поистоветуваат со тие двајца џинови на револуцијата.

Пишува: Батко Тане

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -