fbpx
8.8 C
Skopje

Гвардиола ќе го украде најдобриот играч на Венгер?

АКТУЕЛНО

Тимот на Арсен Венгер не така одамна го донесе Александар Лаказет од Лион за рекордни 53 милиони евра, со што францускиот напаѓач стана најскапото засилување на Топџиите. Ова ги воодушеви навивачите од Емирати, кои помислија дека Арсен Венгер конечно тргнал да гради тим за големи освојувања.

Но, кратко потраја идилата и соновите дека во нападот ќе соработуваат Лаказет и Санчез. Едноставно, изгледа Арсенал е осуден да остане без фантастичниот Чилеанец. Него најпрво го посака Баерн, но таа желба наеднаш згасна.

Меѓутоа, сега овде е Манчестер Сити, дежурниот крадец на играчите на Арсенал (Адебајор, Насри, Сања) Спрема пишувањата на англисите медиуми, тренерот на Сити Пеп Гвардиола се состанал и разговарал со Санчез, за негово заминување на Етихад.

Од друга страна, Сити подготвува понуда од 56,5 милиони евра за напаѓачот, а таа понуда Венгер тешко ќе успее да ја одбие.

Секако, постои сценарио дека францускиот стратег не сака да го пушти Санчез, но тој е свесен дека Чилеанецот не сака да потпише нов договор а сегашниот му истекува дури следното лето, кога ќе може да го напушти клубот какко слободен играч, при што Арсенал би останал без ништо.

Затоа, сосема реално е да се очекува дека е можно да се реализира споменатиот трансфер, а Арсенал да ја прифати понудата на Сити. А тогаш? Агуеро – Санчез. Каков пеколен тандем ги чека противничките одбрани во Премиер лигата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -