fbpx
6 C
Skopje

Душко Георгиевски: Имав 11 години кога родителите ми погинаа во сообраќајка – болеше секогаш кога позади грб го слушав зборот „сираче“

АКТУЕЛНО

Бошковски удри по Мијалков: Плови Саша

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на...

Есkaлираше ситуацијата на Бит Пазар: Демонстранти со фантомки ја нападнаа полицијата

демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички тргнаа кон нив со цел да ги повредат, пренесува...

Фајзер со лоша вест за вакцините: Можно е да има потреба од трета доза на вакцини

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и...

Мијалков доби казна затвор од 12 години

Сите обвинети се виновни за дејствијата, истакна на денешното изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ судијката Џенета Бегтовиќ. Судот ги донесе следните пресуди: Горан Грујевски ги...

Со сестра ми не присуствувавме на погребот. Нѐ однесоа надвор од градот, во детско одморалиште. По трагедијата роднините ми купија флејта да ми го окупира вниманието, да немам време да мислам и тагувам. Животот многу рано ми ја покажа суровата страна, раскажува реномираниот пејач и адвокат

Душко Георгиевски во својата богата кариера отпеа повеќе емотивни текстови, но рефрен кој ќе го памети цел живот е „Молитва“. Темата ја посвети на неговите родители кои загинале во сообраќајна несреќа кога тој имал само 11 години. Докажаниот фолк-пејач ексклузивно за „Женски магазин“ ја отвори душата и искрено проговори за семејната трагедија.

* Препознатлив сте по интерпретацијата, низ годините отпеавте повеќе емотивни текстови. Кога Ви било најтешко во животот?

– Дефинитивно, периодот откако останав сам со мојата помала сестра. Имав 11 години кога загинаа моите родители. Тогаш, како дете кога сте изгубени и исплашени, а судбината ви е во други раце и некој друг одлучува за вашата иднина. Притоа не ви е родител кој знае најдобро што може и што треба да направи за своето чедо. Сега, кога и самиот сум родител, точно знам колку е важно тоа за едно дете, онаа родителска љубов која му е целиот свет и потпора и во добро и во лошо. Кога ќе се присетам, тогаш морав брзо да ги разбирам работите. Бев сам во мојот свет, но многу учев и истражував. Преку книгата го осознав светот. Созреав многу побрзо од моите врсници. Морав брзо да пораснам, зошто немав избор.

По смртта на родителите, роднините ми купија флејта за да ми го окупира вниманието и да немам време да мислам и да тагувам. Животот многу рано ми ја покажа суровата страна. Научив да се носам со најмрачната судбина, но оттогаш ништо повеќе не може да ме помести во животот, затоа што многу добро знам која е неговата цена.

* Што се случи? Како починаа Вашите родители?

– Загинаа во сообраќајна несреќа, кај Алексинац во Србија, во моментот кога се враќаа од одмор. Беа со своите братучеди, мене и сестра ми не оставија дома. Не знам зошто, можеби за да останеме живи, така ги натерала судбината. Тоа беше еден трогателен настан, во еден миг да немате кому да кажете мамо и тато. Иако не сакам многу да зборувам за ова бидејќи не ми е намерата да предизвикувам чувство на сожалување кај луѓето, има еден факт кој ексклузивно ќе го споделам со Вас. Со сестра ми не присуствувавме на погребот. Биле во лимени ковчези, секако немаше да ги видам. Не однесоа надвор од градот, во детско одморалиште. Денес, жалам за тоа.

Како зрел човек и денес тешко наоѓам зборови. Како тинејџер никогаш и никаде не зборував за мојата судбина. Сепак, болеше секогаш кога позади грб го слушав зборот „сираче“. Ме повредуваше длабоко во душата.

* Собравте храброст да им посветите песна дури кога се навршија 20 години од нивната смрт..

– Да, на „Цветници“ во 2011 година ја отпеав „Молитва“, преку музиката да ги искажам чувствата, бидејќи поинаку никогаш не умеев да го направам тоа. Преку стиховите „ѕвезди сјајни далечни што ми велите дали спокој најдоа родителите, дали сега горе се кај ангелите“ првпат јавно проговорив за мојата судбина и признав „колку свеќи восочни запалив, колку драги спомени во срце заклучив“ ветувајќи дека „со песнава молитва сега Ви подарувам, Вие тука в срце сте, јас продолжувам“. Овој фестивал беше мојот најтежок настап. Не сум свесен како успеав да останам на нозе.

Верче има 21 година и студира во Виена, а Мила е полуматурантка и ќе продолжи во средното музичко училиште

* Со што се занимаваа Вашите родители?

– Татко ми беше правник во трговска фирма, а мајка ми службеник во државна институција.

*Со кого растевте, кој се грижеше за Вас по нивната смрт?

– Растев со семејството на татко ми. Благодарен сум секогаш што се грижеа за мене и сестра ми кога останавме сами. Не нѐ однесоа во Дом за згрижување на деца без родители. Сигурно дека мислеле најдобро, во рамките на она што тие можеле да го направат во тоа време и во такви околности. Секогаш сум благодарен на сите што помогнале и се вклучиле во мојот развој, поширокото семејство на моите родители, но и моите учители. Во процесот на образование, за мене одлучија роднините, а според нивните проценки, не музиката, туку правото беше професијата за мене, работа која ќе ми донесе „леб“. Судбината си го направила своето. Кога другите одлучуваат за вас тогаш едноставно се прилагодувате на можностите, намерите, нивните разбирања за иднината и како тие ве гледаат. Веројатно мислеле најдобро, тргајќи од позиција дека и мојот татко бил правник.

Целото интервју можете да го прочитате на Женски Магазин

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Автомобил возеше во спротивна насока на скопска обиколница

Често на социјалните мрежи може да се видат видеа од дивеење со автомобили или мотори, а едно такво беше објавено и денеска. На социјалните мрежи...

Бошковски удри по Мијалков: Плови Саша

Поранешниот министер за внатрешни работи, а сегашен советник во Владата на СДСМ, Љубе Бошкоски во јавноста објави видео од неговите митинзи со порака на...

Есkaлираше ситуацијата на Бит Пазар: Демонстранти со фантомки ја нападнаа полицијата

демонстранти со фантомки со камења и други предмети ја нападнаа полицијата, по што и физички тргнаа кон нив со цел да ги повредат, пренесува...

Фајзер со лоша вест за вакцините: Можно е да има потреба од трета доза на вакцини

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, се надева дека дополнителна, трета доза од оваа вакцина Ковид-19, може дополнително да го зајакне имунолошкиот одговор и...

Мијалков доби казна затвор од 12 години

Сите обвинети се виновни за дејствијата, истакна на денешното изрекување на пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“ судијката Џенета Бегтовиќ. Судот ги донесе следните пресуди: Горан Грујевски ги...
- Advertisement -