10 C
Skopje

Единствена Македонија: Бруталниот масакр кај Карпалак можел да биде спречен, имаме документи кои го покажуваат тоа

АКТУЕЛНО

Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на...

Николовски: 2021 ќе биде година во која ќе ги намалуваме и спојуваме институциите

Се работи на сите анализи за спојување и намалување на бројот на институции и 2021 ќе биде година во која ќе ги намалуваме или...

За кого нема да важи задолжителното носење маска на отворено?

Заврши седницата во Собранието каде што беа донесени измените на законот за заштита на населението од заразни болести. Измените на законот беа донесени со 53...

Собранието одлучи: Задолжително е носење на маска на отворено, забрането групирање по 22ч

Со 53 гласови „за“ и 26 воздржани, пратениците вечерва ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Законот,...

Партијата „Единствена Македонија“ денес сподели документи од кои, како што велат, се гледа дека погибијата на македонските бранители кај Карпалак можела да се спречи. На прес конференција Драган Угриновски член на Извршниот комитет на Единствена Македонија рече постојат докази кои докажуваат дека можело да се спречи загинувањето на бранителите доколку некој не пропуштил да преземе одредени дејствија, што бил должен да ги преземе во интерес на безбедноста на конвојот.

За еден од најкрвавите и најбрутални масакри во поновата македонска историја, рече тој, одговорност мора да има поради следното:

„На почетокот на јули 2001 година, четириесетина дена пред погибијата кај Карпалак, во Службата за државна безбедност има два службени документи со податоци дека на ридот од каде се пукаше врз конвојот се наоѓа вооружена група од десетина лица. Врз основа на овие оперативни податоци, Службата за аналитика во државната безбедност, изготви информација уште во јули 2001 година.

Од текстот на аналитичката информација може да се види дека аналитичарите во државната безбедност професионално си ја извршиле работата и дале прецизни анализи и насоки како да се запоседне просторот околу автопатот кај Карпалак заради безбедно минување на редовните конвои на бранителите накај Тетово. Да го имате ова 40 денови пред крвавиот настан и да ви загинат бранителите од испукана граната токму од кај Карпалак! Катастрофа. Сознанија имаше, а ништо не се презеде!?“, рече тој.

Според него трагедијата сигурно ќе беше избегната, доколку само со еден хеликоптерски прелет беше збришана, како што рече, оваа вооружена група.

„40 денови пред крвавиот настан прецизно се знаеше локацијата и бројноста на групата. До денешен ден се крие и кој дал наредба пред трагедијата да се отстрани и безбедносниот пункт на автопатот Скопје-Тетово во близина на Карпалак и зошто после трагичниот настан, бранителите се оставени сами на себе да горат во торпедираните возила, иако на армиските хеликоптери од аеродромот Скопје до Карпалак им било потребно само пет минути да пружат помош.17 години ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на бранителите кај Карпалак.

Седумнаесет години по крвавиот настан кај Карпалак, едно е сигурно, ниту кај СДСМ, ниту кај ВМРО ДПМНЕ кои се менуваат на власт по Татковинската војна во 2001 година, нема интерес за вистината за бранителите кои загинаа во одбраната на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата. Една од првите задачи на новата легална власт на Единствена Македонија ќе биде целосно расчистување на сомнителните загинувања на македонските бранители кои беа праќани во заседа и мораа да загинат!“, додаде тој.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Над 800 новозаразени во последните 24 часа: Направени се 2699 тестови

Во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 390, Куманово 22, Штип 28,...

Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на...

Штипската болница го адаптира Кожното одделение за прием на пациенти со коронавирус

Кожното одделение во штипската Клиничка болница од понеделник ќе прима пациенти заразени со коронавирус на кои им е потребно болничко лекување. Директорот на Клиничка болница-Штип,...

Никола Димитров се сретна со германскиот министер за Европа Михаел Рот

На панелот за проблемот со иселувањето на младите од регионот зборував со исклучителни млади луѓе, потпретседателката на ЕК за демократија и демографија Дубравка Шуица...

Бесими: Стотици илјади граѓани и илјадници фирми го очекуваат ребалансот на буџетот и четвртиот пакет на мерки

Финансиска поддршка за децата без родители, мапирање стратешки индустриски сектори во регионот на Охрид, изградба на дел од третиот крак за водснабдителен систем во...
- Advertisement -