fbpx
36.8 C
Skopje

Експлодира плинска боца во стан во Гостивар, еден повреден

АКТУЕЛНО

Вечерва околу 20 часот се случи вистинска драма во Гостивар, каде во стан на улицата „Илинденска“, дошло до експлозија на боца, од засега сѐ уште непознати причини.

Во станот бил гостиварецот В.И. (49) кој се здобил со повреди, поради што најпрво бил пренесен во локалната болница, а веднаш потоа испратен и во скопските клиники. Огнот бил брзо локализиран, па не е дозволено истиот да се прошири кон другите станови.

Надлежните екипи се на терен, каде работат на расветлување на случајот, кој ја вознемири цела „Илинденска“ во Гостивар, а особено соседите на 49. годишниот В.И.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -