fbpx
9.8 C
Skopje

ВИДЕО: Јувентус со една нога во следната рунда, Севилја подобра од Лестер

АКТУЕЛНО

Комплетирани се првите осминафинални натпревари во Лигата на Шампионите, во двете последни средби, Јувентус го совлада Порто, додека Севилја беше подобра од Лестер.

Во Португалија, тимот на Јувентус го совлада домаќинот Порто со 0:2. Се беше полесно за „Старата дама“, откако Телес доби исклучување на средина од првиот дел. Во второто полувреме Алегри ги погоди замените, па Пјаца и Алвеш постгинаа голови за убедлива предност пред реваншот во Торино.

https://rutube.ru/video/49d99134a839e803b20ccf0b38c825d8/?ref=logo

Севиља успеа пред своите гледачи да го совлада англискиот шампион Лестер со 2:1. Кореа промаши пенал за домаќините, но Сарабиа го отвори резултатот во вториот дел. Напаѓачот се извади за промашениот пенал, па Кореа во 62. минута зголеми на 2:0. Надеж за прогрес во следната рунда на „лисиците“ им даде голот на Варди во 73. минута, по одличната асистенција на Дринквотер.

https://rutube.ru/video/35825ec6039a86501d7b2ccea85bca5b/?ref=logo

Осминафинале, први натпревари:
Манчестер Сити 5:3 Монако
Реал Мадрид 3:1 Наполи
Бенфика 1:0 Борусија Дортмунд
Баерн Минхен 5:1 Арсенал
Порто 0:2 Јувентус
Севилја 2:1 Лестер
ПСЖ 4:0 Барселона
Леверкузен 2:4 Атлетико Мадрид

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -