fbpx
6.8 C
Skopje

Евертон бара 120 милиони евра за Лукаку

АКТУЕЛНО

Евертон со висока сума сака да ги одврати потенцијалните купувачи за својот најдобар играч кој оваа година игра во добра форма.

Белгискиот напаѓач моментално е најдобар стрелец во Премиер лигата со 24 гола и најмногу интерес за него доаѓа од Челси и Манчестер Јунајтед, пренесува „BBC“.

Лукаку изјави дека нема да го продолжи договорот со Евертон бидејќи сака да игра за клуб кој ќе се натрепварува во Лигата на шампионите. Има договор до 2019. година но би можел уште ова лето да ја промени средината.

За напредокот на Лукаку клучен во претходниот период беше менаџерот на Евертон, Роналд Куман.

Лукаку веќе играше за Челси од 2011 до 2014. година. Пред шест години дојде на „Стемфорд Бриџ“ од Андерлехт за 24 милиони евра. После само еден старт во ПЛ и позајмица во Вест Бромвич во 2014. година и дефинитивно прејде на „Гудисон парк“ со рекорден трансфер за клубот од 36 милиони евра.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -