5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Збогум засекогаш

Таа кобна јануарска вечер..
Заѕвони телефонот..
Повикот беше од болница..
Срцево почна да ми трепери..
Незнаев што се случува..
Излегов од собата..
ја видов тетка ми со насолзени очи..
Ја прашав што се случува..
Ме прегрна и со треперлив глас ми рече: Ана чедо вестите не се добри..
Мораш да бидеш силна..
Мајка ти ја изгуби битката..
Неколку минути стоев избезумена а потоа извикав на сиот глас..

Зарем денес мајко завршува твоето патување..
Нели ги замислувавме сите прекрасни нешта што престојат..
Зар од денес ти суров животе ќе ме обоиш во црно наместо бело..
Зар ова невино дете требаше да го добие овој удар..

Мојата детска насмевка се претвори во солза која течеше без прекин како некој да ми го распарчи срцево..
Се чувствував како ништо да не останало од него..

Ама знаев дека од тој ден ти ќе бидеш мојот најголем ангел чувар засекогаш..

 

поврзани објави

Последни објави