fbpx
29.8 C
Skopje

Филип Петровски за Груевски: Ваков криминал немало во историјата на Македонија

АКТУЕЛНО


Како зборуваше Филип Петровски во 2011 година, пред да доживее дебакл со својата „Демократска Десница“ и да замине во ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски:

– ВМРО-ДПМНЕ од 90-те години што јас го знам и денеска има една заедничка работа а тоа е името на партијата кој се користи и злоупотребува кон членството за да се одржи една структура на власт. Јас немам намера никаков политички полтрон на Никола Груевски да бидам.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=11&v=Dvy2tHYLNHI
Во друго негово интервју за владеењето на Никола Груевски, Филип Петровски вели:

Ќе има сериозни истраги за тоа како се потрошени народните пари за тоа што имаме индиции дека ваков криминал досега немало во Република Македонија. На прашањето на В. Ефтов: Чувствувате ли дека прв пат во својата кариера како лидер во ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како да се плаши? – Петровски одговара:

  • Евидентно е. Доколку не се плашат ќе го остават народот да одлучи слободно, нема да го попишуваат, нема да ја кандидираат по трет пат Рада Шекерова, оние близнаци што ги вадат од СДСМ што е проект на Влатко Ѓорчев. Тоа го знам лично и го потврдувам, сакам да го слушне и македонската јавност.

По катастрофалниот резултат на изборите со неговата партија Филип Петровски се врати во ВМРО-ДПМНЕ чиј што претседател беше токму Никола Груевски кој претходно беше жестоко критикуван лично од него.

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -