fbpx
10 C
Skopje

ФОТО: Кавадарченец поради фејсбук статус заработи отказ!

АКТУЕЛНО

Кавадарчанец на својот профил на Фејсбук објави фотографија од одлуката за негов отказ, поради претходно напишан Фејсбук статус во кој упатува закана за вработените кои се инволвирани во неговото суспендирање.

На ден 10/03/2017, од страна на Менаџерот за внатрешна контрола до Службата на човечки ресурси е поднесена пријава за сторен дисциплински прекршок од страна на работникот Орданче Бошковски.

Имено, истиот на ден 17/02/2017 година преку социјалните мрежи упатува директна закани по менаџерите и останатите вработени кои се инволвирани во неговото суспендирање, со следните зборови: „Секој денар крваво ќе го плукате, јавна порака до сите арамии што се богатат на грбот на крвавиот живот на работникот, што агитирате за мојата суспензија, лично ќе ви пресудам на сите до еден.. Правдата и чесноста секогаш победуваат.

Ваквата закана е упатена од личниот фејсбук профил на работникот по неговото суспендирање од работното место поради сторен дисциплински прекршок и поведена дисциплинска постапка.

Веднаш по објавувањето на заканите, е извршено снимање и принтање на објавата на работникот од страна на службите за безбедност, и е поднесена пријава до Полициската станица во Кавадарци.

Со ова свое дејствие, како што се објаснува, обвинетиот работник направил прекршок, па оттука работодавачот поради поседување на доволно факти и докази, а применувајќи го членот 102 став 19 од Колективниот договор на Друштвото донесе одлука како во диспозитивот на истата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -