fbpx
9.8 C
Skopje

ФОТО: Кристиано Роналдо со нов бизнис – станува анимиран суперхерој!

АКТУЕЛНО

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо се подготвува да направи анимирана серија „Striker Force 7“ во која тој би ја имал главната улога.

Роналдо соработува со компаниите „Graphic India“ и „VMS Comunications“ со цел да ја реализира својата идеја на што повеќе платформи, како што се анимирани стрипови и помали игри.

„На ист начин кој фудбалот го поврзува светот, верувам дека тоа го прават и познатите анимирани ликови и херои. Навистина сум возбуден што мојата страст кон фудбалот и суперхероите ќе имам прилика да ја спојам преку овој прокет кој наскоро ќе и го претставам на јавноста“, изјави Роналдо.

Сега, светот сигурно си го поставува прашање дали Роналдо е толку заљубен во себе, па мора да направи и перфектен анимиран херој или пак едноставно преку ова гледа одлична прилика за нов бизнис и дополнителен профит.

Извор: Јавно.мк

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -