4.8 C
Skopje
Tuesday, March 18, 2025

Деветгодишно дете со автомобил отишло на панаѓур

Деветгодишно дете од Реклингхаузен ноќе преку прозорец излегло од куќата и возејќи го автомобилот на родителите заминало на панаѓур. Полицијата го запрела на враќање.

Детето ноќта преку прозорецот од бањата се искрало од куќата и возејќи го автомобилот од своите родители заминало на панаѓур. Малиот возач поминал неколку километри и бил веќе на враќање, кога во 2 часот вчера утрото (11.05) го запрела полициска патрола, соопшти полициски портпарол. Притоа, детето имало среќа и останало неповредено. Без оглед што детето со перниче го поткренало возачкото седиште, едвај можело да гледа преку воланот. Автомобилот останал неоштетен, освен што при паркирање неискусниот возач удрил во жива ограда и се склопил ретровизорот. Заспаните родители за „излетот“ на момчето дознале дури кога полицијата го вратила дома.

поврзани објави

Последни објави