12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Георгиевски: Ако Илинденското востание не било Македонско, би имало ли денес самостојна Македонија?

Лидерот на ВМРО НП и екс-премиер (1998-2002), Љубчо Георгиевски, во подолг напис за бугарската агенција БГНЕС, се обраќа до бугарските политичари и  јавност. Во врска со Илинденското востание тој вели:

“Зарем допрва треба да се објаснува дека сè што се случило на територијата на Македонија, може и да се подразбира да биде наречено македонско. Ако Илинденското востание било предводена од организација која се вика македонска, ако крајната цел е автономија на Македонија, не можеме ли да го наречеме македонско?

Впрочем, ако Илинденското востание не е македонско, зошто во триесеттите години на дваесеттиот век бугарската комунистичка партија ја притисна Коминтерната да признае македонската нација, што беше нивна политика речиси три децении.

Ако Илинденското востание не беше македонско, би ли имало денес самостојна и независна Македонија со целосна поддршка на нејзините граѓани? Во 1900 година еден од нашите заеднички писатели Войдан Чернодрински, роден во Македонија и живеел и умрел во Софија, ја напиша драмата ‘Македонска крвава свадба’. Во новото издание, како би било соодветно да се постави насловот, само ‘Крвава свадба’ или “Бугарска крвава свадба?”

На крајот Георгиевски вели:

“И конечно повторно ќе ве потсетам дека во лицето на премиерот Заев имате прагматичен пријател. Не си дозволувајте да ја изгубите неговата приврзаност, бидејќи можеби во моментов тој е единствениот политичар подготвен да се извини за нешто што не е направено погрешно. Ако тој падне, нема да се појави втор како него, ќе чекате две или три децении!“

поврзани објави

     

Последни објави