5.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Георгиевски: Кога бев премиер разговаравме со Грција само за име за меѓународна употреба, но токму СДСМ реагираше жестоко и бурно по што ретерирав за ова прашање

Во оваа кампања сум доста воздржан, вечерва ми е прв настап, можеби затоа што имав некое чувство затоа што за ова прашање сум зборувал многу, и не гледам потреба да се повторувам.

Ќе ве потсетам дека кога бев премиер, ние со господинот Тсимитис се обидовме да направиме исчекор во тој правец, па во таа насока можам да кажам дека ми е многу жал што токму СДСМ реагираше бурно и жестоко по што ретерирав по тоа прашање.

Ова не е прашање на една партија, туку на сите граѓани во Република Македонија. Ние имавме кампања со слоганот Европа Сега каде што алудиравме дека патот е многу јасен, дека ако сакаме ЕУ и НАТО мораме да го затвориме прашањето за името.

Претходно, кога бев премиер се зборуваше само за име за меѓународна употреба, но оваа ситуација е сосема нова и зборува повеќе од јасно дека колку повеќе се провлекува овој проблем, толку повеќе губиме, вели екс премиерот Љубчо Георгиевски во 24 анализа на телевизија 24.

Неспорен е фактот дека ако направиме анализа дека долги години беше разговарано само за името со меѓународна употреба. Очигледно ние како политичари постојано реагираме контра, гледаме да бидеме што повеќе патриоти на теми кои сметаме дека треба да бидат интересни за народот, за да на крајот да добиеме нешто полошо.

Од тие што сега кажуваат дека ако беше само за меѓународна употреба, имаа 11 години да го решат ова прашање. Еден бивш премиер кажа дека одбил многу подобар договор отколку сега ова што ни е понудено со овој договор. Кога ги слушам, јас го поставувам прашањето: Тие треба да бидат патриоти во нашите очи, или треба да бидат луѓе кои пропуштиле шанса да потпишат подобар договор поради личниот политички комодитет и рејтинг?

Јас исто така можам да ви кажам дека ние само напаѓаме и критикуваме, но ајде да го поставиме прашањето: Што е идеален компромис што Македонија може да го постигне, имајќи ја во предвид позицијата на Грција и моќта на нивните пријатели. Ние меѓународната поддршка ја изгубивме уште од самиот почеток. Идеален договор е Македонија ако добиеме име за меѓународна употреба, но очигледно е дека тоа веќе никој нема да ни го одобри. Ако ја испуштиме оваа шанса, може да добиеме комплетна изолација, или можеме само да добиеме полош договор од овој.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави