fbpx
-8 C
Skopje

Груевски, Јанкулоска и Поповски на судење за „Тенк“

АКТУЕЛНО

Венко не спие: Доцна во ноќта ги сподели најновите резултати за Ковид-19 за изминатите 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95, Куманово 10, Штип 12, Прилеп...

СДСМ: Штип ќе биде во сигурни раце

Штип ќе добие градоначалник со полн легитимитет на целосно безбедни избори за здравјето на граѓаните и за сите учесници во изборниот процес. Штип...

Д-р Сашко Николов: Бесплатни заштитни маски ако победам во Штип

Продоллжуваме со навремена и целосна дезинфекција на сите јавни институции, посебно каде што престојуваат нашите деца. Ќе иницирам да се формира посебен фонд за...

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред. Сите премрежја, окупации и блокади беа надминувани и надминати заради желбата за подобро утре...

Во Кричниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Судијката Добрила Кацарска минатото рочиште го одложи по барањето на адвокатот Богољуб Софрониевски,  кој немал доволно време за подготовка, имајќи предвид дека претходниот ден бил ангажиран како бранител на Ѓоко Поповски.

Обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов посочи дека сите обвинети мора да ги добијат своите права, но тоа да не се случува во иднина, бидејќи се одолговекува постапката.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Јанкулоска за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Возилото од Министерството требало да се даде на користење и на Груевски кој сакал да користи такво ново блиндирано патничко моторно возило, но за тоа не сакал во јавноста да се дознае.

За набавката на мерцедесот јавноста дозна од  разговорите кои ги објави опозицијата.

Апелацискиот суд Скопје, како што објави МИА, на 8 ноември минатата година одлучи прислушуваните разговори за набавката на мерцедесот да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Повреда при раѓање му ја парализирала раката на малиот Михаил, за лекувањето потребни 15.000 евра

Повреда при раѓањето на третото дете им го промени текот на животот. Семејството Ристоски од Тетово речиси две години во потрага на лек за...

Венко не спие: Доцна во ноќта ги сподели најновите резултати за Ковид-19 за изминатите 24 часа

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95, Куманово 10, Штип 12, Прилеп...

Мицкоски најавува блокaда на Скопје: Колку е паметно да се одржуваат протестит за време на пандемија?

ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа протести со движење на колони возила низ улиците на 11 градови во државата против, како што велат од партијата, криминалот, корупцијата,...

Поради неговата сопруга била напишана песната „Македонско девојче“: ТАЖНА ВЕСТ – почиna зетот на пејачката Виолета Томовска

Зоран Росоманов, зетот на македонската фолк-легенда Виолета Томовска почина од последици на ковид-19. За сопругата на Зоран, Невенка, е испеана легендарната песна „Македонско девојче“....

Зад себе има два неуспешни брака: Колку тежи познатиот актер од Истанбулската невеста

Како што ви е веќе познато Оскан Дениз го глуми Фарук од хит серијата Истанбулската невеста. Оскан е роден во Анкара на 19ти Мај...
- Advertisement -