18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

ВМРО НАРОДНА ПАРТИЈА СО ПРЕДЛОГ ЗА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ

 

Деновиве на големо се оствара прашањето за реформа на пензискиот систем.

Дискусиите и предлозите одат во два правци, да се зголемат годините за пензионирање на граѓаните и второ да се зголеми процентот на придонесите на платите. И едниот и другиот предлог болно веќе се примаат и од граѓаните и од фирмите.

ВМРО-Народна партија се вклучува во оваа дискусија со следниот предлог:

Под итно да се укинат приватните пензиски фондови односно откажување од т.н втор столб и враќање кон единствен државно гарантиран пензиски систем.

Сакаме да потсетиме дека оваа реформа со втор пензиски столб и беше наметната на Македонија но и на цела Источна Европа од страна на ММФ и Светската банка без никаква сериозна поткрепа во економијата.

Денес во цела источна Европа се води дискусија за промашеноста на пензиските реформи,додека Романија е веќе во завршна фаза за укинување на овој тип наметнати решенија.

поврзани објави

Последни објави