fbpx
11 C
Skopje

Груевски на средба со Хелбах: Македонските гласачи не гласаа за платформата!

АКТУЕЛНО

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...

Јавете се на овие броеви ако сте во странство и имате прашања за пописот

На сајтот на Министерството за надворешни работи се објавени телефонски броеви што ќе функционираат 24 часа и ќе бидат достапни за граѓаните за информации...

Стојанчe Ангелов со коментар за вчерашнитe протести во Скопје: Монструм и помирување не одат заедно

Стојанче Ангелов утрово се огласи на фејсбук по повод вчерашните протести во Скопје и напиша: МОНСТРУМ И ПОМИРУВАЊЕ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, Никола Тодоров, Илија Димовски остварија средба со специјалниот пратеник за Југоисточна Европа на германското министерство за надворешни работи Кристијан Хелбах и германската амбасадорка Кристине Алтхаузер.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за барања содржани во платформата на албанските политички партии како и за планираното дејствување за идниот период.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека она што се случи со тиранската платформа доаѓа во исклучително непријатно време. Мнозинството од Македонците се чувствуваат како некој друг, однадвор од соседна друга држава им ја крои судбината, дури и голем дел од оние кои гласаа за СДСМ сега се чуствуваат измамени бидејќи тие не гласаа за платформата која беше создадена  по изборите. За време на изборите лидерот на СДСМ, Заев спомнуваше нешто за двојазичност, и ВМРО-ДПМНЕ тогаш јавно го праша што точно мисли и за каков вид на двојазичност, тогаш тој нè обвини дека тоа ние го измислуваме, додавајќи дека тоа е само „во главата на Груевски“, а сега по изборите излезе различно од тоа што тие го тврдеа и се докажа на дело за што станува збор.

На средбата со германскиот специјален претставник, ВМРО-ДПМНЕ посочи дека  во постизборните разговори со ДУИ од страна на ВМРО-ДПМНЕ се разговараше само за унапредување на јазичните права во општините каде малцинските заедници се над 20 проценти, и за работи кои се поврзани со унапредување на човековите права, но она што е очигледно е дека од СДСМ добија подобра понуда и ја прифатија тиранската платформа која има многу поширок опсег.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека договорот за коалицирање помеѓу СДСМ и ДУИ значи прекршување на принципот за коалицирање на „победник со победник“.

„Ние имаме една специфика во нашата земја, а тоа е дека ние сме мултиетничка држава. Во 2008-та година се воспостави принцип за коалицирање на победник со победник, односно победникот од македонскиот блок да коалицира со победникот од албанскиот блок. Во 2006-та направивме влада со втората по големина албанска партија и дотогаш немаше таква практика, но и немаше таква ситуација“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тогаш се говореше дека не смее победникот кај Албанците или кај Македонците да биде опозиција. Во таква ситуација се велеше дека со тоа се погазува волјата на мнозинството на Македонците или на Албанците. Тоа се дискутираше цели две години и сите други ни сугерираа дека тоа треба да биде составен дел од нашата демократија бидејќи сме мултиетничко општество, а тоа беше наведувано и од надворешните партнери, ЕК, САД и пријателските држави. Ние го прифативме тој принцип и на изборите во 2008-ма година освоивме повеќе од 51 проценти од пратеничките места во Парламентот. Можевме дури и сами да направиме влада, но бидејќи го прифативме тој принцип на коалицирање на победник со победник ние коалициравме со ДУИ што беше и на барање и на самата ДУИ“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние го почитувавме тоа и стана општо прифатено правило и сега ДУИ е прв пат ситуација да одбира помеѓу победникот на изборите ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Според изборот на ДУИ сега мнозинството на Македонците треба да бидат опозиција во својата држава, а прекршувањето на тој принцип не значи обврска дека било кога понатаму тој ќе треба да се почитува, беше истакнато на средбата од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека првиот проблем е платформата, вториот проблем е кршењето на еден од основните принципи вграден во нашата демократија како специфика на коалицирање на победникот со победник, третиот проблем се процедуралните работи околу доделувањето на мандатот за кој може повеќе да каже претседателот на државата.

На средбата беше разговарано и за работата на Специјалното јавно обвинителство. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше соопштено дека во однос на работењето на СЈО стана јасно дека со нивното дејствување се прави политички прогон и нивната намера е реализација на одредени политички цели, а не за правно регулирање на некои настани кои се случиле.

Ние го прифативме нивното постоење затоа што мислевме дека ќе дојдат да работат независни правници кои ќе дејствуваат според факти и докази и такви беа целите на нивното основање. Но таму има политички тим на СДСМ и се бори политички да ни наштети, по секоја цена и без никакви докази. Тоа е реалноста, нивната цел е да покренат што повеќе истраги и обвиненија без никакви докази но со цел да ја искомпромитираат партијата, беше истакнато од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Од страна на специјалниот пратеник Хелбах беше посочено дека Германија е пријателска држава на Република Македонија и со внимание ја следи актуелната политичка состојба. Германија ќе остане неутрална, но она што ја интересира е постигнување на стабилност за остварување на понатамошен прогрес, истакна специјалниот пратеник на германското МНР, Хелбах, се вели во сооптешнието на ВМРО-ДПМНЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љубчо Георгиевски со предлог како да се реши спорот со Бугарија

Гледам дека Македонско-Бугарските односи се движат кон нов ќор-сокак а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна...

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

НОВА ГОЛЕМА ТРАЕДИЈА ВО МAKЕДОНИЈА: ПОЧИНА МАЖ ОД СКОПЈЕ ОТКАКО ПАДНА ОД КAPПА

Во Полициската станица Кавадарци, М.Џ.(71) од Скопје вчера попладне пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Џ.(75). Тој паднал од карпа кај село Кошани, на место викано „Дол“,...

МВР ги приведе Миленко Неделковски и Александар Пандов

МВР соопшти дека синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул.„6“ во с.Стајковци, сопственост на С.П. и А.П....

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...
- Advertisement -