fbpx
6.8 C
Skopje

Игор Дурловски жестоко му возврати на Отец Пимен (ФОТО)

АКТУЕЛНО

Отец Пимен во свој денешен пост на социјалните мрежи постираше цитат од Македонската Химна, а додаде и коментар на постот:

“Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата. И ќе се раѓа и утре и другиден и уште многу години и векови додека Македонците се борат за својте правдини и додека водат сметка да не се истребат меѓусебе во борбата за докажување кој е поголем Македонец.

Ај за многу години!”

Очигледно погоден се осети Игор Дурловски, кој вчера објави видео на кое ја интерпретира химната. Многумина на социјалните мрежи денес, се пожалија дека при постирање на видеото, тоа се оценува како спам и е блокирано, па носат заклучок дека некој тенденциозно им ги пријавува постовите.

Игор Дурловски во коментар му напиша на Отец Пимен:

“Оче, малку да удриш на молитва не ќе е лошо”

На ова Отец Пимен возврати дека не бил тука до 23. Потоа Дурловски ја постираше во коментар молитвата “Пресвета Троице помилуј нас”.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -