fbpx
7 C
Skopje

Илче од Германија: Додека вие се карате, јас и “Брат ми” Замир уживаме во животот – АЛО луѓе, опуштете се малку, краток е овој век

АКТУЕЛНО

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...

Јавете се на овие броеви ако сте во странство и имате прашања за пописот

На сајтот на Министерството за надворешни работи се објавени телефонски броеви што ќе функционираат 24 часа и ќе бидат достапни за граѓаните за информации...

Стојанчe Ангелов со коментар за вчерашнитe протести во Скопје: Монструм и помирување не одат заедно

Стојанче Ангелов утрово се огласи на фејсбук по повод вчерашните протести во Скопје и напиша: МОНСТРУМ И ПОМИРУВАЊЕ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето...

Здраво Галама. Се викам Илче и потекнувам од Македонска Каменица. Во Дуисбург живеам веќе дванаесет години. За разлика од многу македонци кои живеат тука и не знаат да бекнат на германски, јас јазикот го зборувам одлично.

Поради тоа, успеав да најдам и пристојна работа, работам во еден од најпознатите ресторани во центарот на градот како менаџер за набавки. Во кујната од ресторанот, поточно во делот за подготвување слатки, како главен мајстор работи Замир од Валона, Албанија. Замир е овде веќе дваесет години и исто така одлично го говори германскиот јазик. Тие во Валона поседувале сопствена работилница за производство на слатки и колачи, но емигрирале цела фамилија во Германија.

Кога сте во туѓина морате со некого да се спријателите и да комуницирате. Мојот најдобар пријател овде е токму Замир, а и јас негов. Со оглед на тоа што и двајцата сме фамилијарни луѓе, ни се дружат и сопругите и децата. И ова морам да го напоменам: Јас и Замир зборуваме на Германски и никогаш, ама баш никогаш не сме разговорале околу тоа чиј јазик е постар, поубав, позначаен. Ние овде сме Германци и пред сè луѓе!

Често кога со Замир ќе се опуштиме кај нас или кај нив дома, или ќе излеземе на пиво, знаеме да проговориме за нашите корени, да си раскажуваме случки од детството, од животот. Верувајте, моето од детството на Замир не се разликува речиси воопшто. Сме играле исти игри (сервис, футбал, џамлии…), не интересирале слични работи. Едноставно, јас и Замир сме две индивидуи, две личности, луѓе од различни држави, но пред сè луѓе!

Да ви кажам искрено, кога со Замир ќе налетаме на некоја вест од нашите држави, кога ќе прочитаме за големи Албании, Македонии, Србии, многу слатко се смееме, но и се разжалостуваме. Од каде таков порив за поделби, за ставање рампи помеѓу цивилизациите, за омраза. Зошто, кога животот е толку краток и треба да се проживее најдобро што се може, без небулозни ситници кои создаваат немир и омраза.

Исто така прилично небулозни ни се и разните собири во дијаспората, каде луѓето повторно се делат по национална, верска и партиска основа. Да, има и овде забегани умови кои наместо да го живеат животот, во тоа малку слободно време кое го имаат дремат пред телевизор и гледаат што се случува во нивните држави, бистрат политика, се обидуваат да влегуваат во вербални расправии…

Ало, луѓе, што правите? Животот е краток, почнете да го живеете, почнете да дишете со отворена плуќа, раширете го срцето за сите, сите сме луѓе од крв и месо. Нели сите сакаме да влеземе во Европа. Зошто би ми бил помил еден Германец, Италијанец или Американец, од Македонец или Албанец. Не, сите ми се исти, сите се луѓе. Сите се борат за својата фамилија, за парче леб, за опстанок, за малку среќен живот и парче место под сонцето.

Поздрав мои Македонци, Албанци, Срби, Власи, Германци, Швеѓани, … ЛУЃЕ, каде и да сте.

Обработи: Петар П.

Името и презимето познати на редакцијата на Галама. Овој текст и е превземен со одобрение од редакцијата на Галама.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Љубчо Георгиевски со предлог како да се реши спорот со Бугарија

Гледам дека Македонско-Бугарските односи се движат кон нов ќор-сокак а понатаму и кон нова ескалација на сите нивоа која може да доведе до долгодишна...

Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Како што е познато Сашо Мијалков екс директор на УБК од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Филип Андонов, директорот на затворот...

НОВА ГОЛЕМА ТРАЕДИЈА ВО МAKЕДОНИЈА: ПОЧИНА МАЖ ОД СКОПЈЕ ОТКАКО ПАДНА ОД КAPПА

Во Полициската станица Кавадарци, М.Џ.(71) од Скопје вчера попладне пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Џ.(75). Тој паднал од карпа кај село Кошани, на место викано „Дол“,...

МВР ги приведе Миленко Неделковски и Александар Пандов

МВР соопшти дека синоќа во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека угостителски објект на ул.„6“ во с.Стајковци, сопственост на С.П. и А.П....

Брзал да се вakцинира, 88 годишник возел 191 км на час

Француската полиција се изненадила кога запрела 88 годишен маж кој управувал со автомобил, а возел 191 км/ч. Ограничувањето на патот по кој возел е 110...
- Advertisement -